Психолошки трикови со кои ќе дознаете дека некој ве симпатизира, низ илустрации

Ги имитира вашите движења, фрази, споделува лични детали... На кои ситници треба да обрнете внимание за да знаете дека некој ве симпатизира?

psiholoshki-trikovi-so-koi-kje-doznaete-deka-nekoj-ve-simpatizira-niz-ilustracii-01.jpg

Сите често се соочуваме со дилемата и со прашањето дали ѝ се допаѓаме на личноста кон која имаме симпатии, дали сме им симпатични или одбивни, а според психолозите, за да го дознаете одговорот на ова прашање, потребно е само да ги следите знаците околу вас.

На кои детали треба да обрнете внимание за да бидете сигурни дека некому навистина му се допаѓате и дека би имале шанса за врска?

Обрнете внимание на бојата на гласот

Кога некој им се допаѓа, луѓето го менуваат тоналитетот на гласот во сооднос со привлечноста што ја чувствуваат.

Така, кај дамите гласот може да биде повисок и нестабилен, а на дамите им се допаѓаат мажи кои зборуваат потивко и посамоуверено.

psiholoshki-trikovi-so-koi-kje-doznaete-deka-nekoj-ve-simpatizira-niz-ilustracii-02.jpg

Споделуваат лични детали за себе

Кога на луѓето им се допаѓате, тие без проблем споделуваат интимни детали за сопствениот живот.

Често опуштено зборуваат и за своите мани и недостатоци и ќе се трудат да го продолжат разговорот, така што ќе ве распрашуваат да споделите детали за себе.

psiholoshki-trikovi-so-koi-kje-doznaete-deka-nekoj-ve-simpatizira-niz-ilustracii-04.jpg

Глумат дека немаат време за вас

Секој сака добар предизвик, а процесот на заведување станува уште позабавен кога некој глуми дека не е достапен и дека не се дава лесно.

Кога се правите дека не сте достапни, луѓето ве сакаат уште повеќе. Но, мора да имате на ум дека за ова да функционира и двајцата треба да бидат подеднакво заинтересирани и мора да правите разлика помеѓу некој што навистина нема време за вас и од оној што само глуми.

psiholoshki-trikovi-so-koi-kje-doznaete-deka-nekoj-ve-simpatizira-niz-ilustracii-03.jpg

Кога седат, нозете не им се прекрстени

Мора да обрнете внимание на говорот на телото, односно на поставеноста на рацете и на нозете.

Ако некој седи до вас со прекрстени нозе и дланките му се свртени навнатре – тоа значи дека нема потреба да се обидувате да добиете шанса. Личноста не е отворена за врски или комуникација.

psiholoshki-trikovi-so-koi-kje-doznaete-deka-nekoj-ve-simpatizira-niz-ilustracii-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
8 фрази што ги кажуваме со најдобра намера, но се всушност навредливи „Кога ќе имате деца“, „Зошто не се венчате“… Постојат некои фрази и прашања што ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg