Застарени бонтон правила што никој не ги почитува

Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во ресторан не е важно дали храната ќе им биде послужена прво на дамите. Кои бонтон правила се сметаат за застарени и никој веќе не ги почитува?

zastareni-bon-ton-pravila-shto-nikoj-ne-gi-pochituva-01.jpg

Бонтон правилата служат за да се олесни комуникацијата меѓу луѓето, но некои од нив се толку многу застарени, што воопшто нема причина повеќе да се користат.

Кои бонтон правила од минатото можете слободно да ги занемарите?

Јадењето и пијалакот се сервирaат прво на дамите

Според бонтон правилата, кога сте во ресторан, прво храната им се сервира на дамите во правец на движењето на стрелките на часовникот, а потоа се услужуваат и мажите.

Но, со текот на времето рестораните престанаа да се придржуваат до овие правила, така што порциите ги сервираат според тоа како им одговара на келнерите и на нивниот начин на работење.

Заради ова, бонтон правилото според кое дамите треба први да го добијат оброкот станува застарено и заборавено.

zastareni-bon-ton-pravila-shto-nikoj-ne-gi-pochituva-02.jpg

Не се ракувајте со жена додека таа не ви пружи рака

Во минатото се верувало дека мажот не смее да ѝ пружи рака на жена додека таа не го направи тоа.

Сепак, денес веќе мажот не треба да чека жената да му подаде рака.

zastareni-bon-ton-pravila-shto-nikoj-ne-gi-pochituva-03.jpg

Подароците за свадба треба да ја покриваат цената на порцијата

Во минатото, луѓето се оптоваруваа со правилото дека цената на подарокот за свадба треба да ги покрива трошоците за порциите во ресторанот.

Но, се смета дека ова е застарено правило, па денес секој подарува толку колку што може да си дозволи со сопствениот буџет.

zastareni-bon-ton-pravila-shto-nikoj-ne-gi-pochituva-04.jpg

Подарокот за свадба можете да го испратите во рок од една година

Во минатото многумина веруваа дека ако не сте биле на свадба, тогаш во следната една година можете да однесете подарок и да им честитате на младите.

Сега правилото е променето и се верува дека ако сакате да одите и да им честитате на младенците, тогаш тоа треба да го направите најдоцна еден месец по свадбата.

zastareni-bon-ton-pravila-shto-nikoj-ne-gi-pochituva-05.jpg

Не треба да се потпирате со лактите на масата

Ова правило датира од времето кога масите често биле изработени од неквалитетни материјали и потпирањето можело да значи дека храната ќе заврши на подот.

Но, денес тоа правило не важи и спротивно на тоа – се верува дека е добро да се потпрете на масата или да се навалите кон личностa што ја слушате за да покажете интерес.

zastareni-bon-ton-pravila-shto-nikoj-ne-gi-pochituva-06.jpg

Жената секогаш треба да се движи од десната страна на мажот

Ова правило било измислено во Средниот век, кога мажите вообичаено од левата страна носеле меч, па за дамите било опасно да се движат од нивната лева страна.

Јасно е дека ова правило веќе нема потреба да се применува.

zastareni-bon-ton-pravila-shto-nikoj-ne-gi-pochituva-08.jpg

Се наздравува само со алкохол

Ова правило се врзува за суеверие кое датира уште од античкиот свет и воопшто нема никаква причина да мора да пиете алкохол, ако не смеете или не сакате.

Бремените жени и лицата кои не консумираат алкохол од кои било причини нема потреба да се воздржуваат од наздравување.

zastareni-bon-ton-pravila-shto-nikoj-ne-gi-pochituva-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg