Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Позитивност и самодоверба

pozitivnost-i-samodoverba-povekjeЧестопати застанувате пред огледало и се критикувате самите себе си. Депримирани од вашиот изглед се плашите да му покажете на светот кои сте вие.


Но, во таквите моменти сетете се дека вие сте еден сокриен ковчег со богатства кој чека да биде откриен.

pozitivnost-i-samodoverba

Само присетете се на вашите убавини, зарем постои човек кој е совршен?

Дури и оној кој се смета за таков, има некаква мана која го прави ист како останатите.

Застанете уште еднаш пред огледало и погледнете - Господ ви подарил раце за да можете да ги прегрнете другите, нозе за да чекорите и откривате нови и убави работи, очи за да ја воспримате убавината на денот и сите пропратени бои со неа, усни за да се смеете, некој талент кој ве издвојува од другите...

Зарем ќе дозволите вашата негативна енергија или некој недостаток да го наруши тој совршен систем од вредности?

Ќе дозволите некои ситници да ве запрат на патот до среќата, Застанете повторно пред огледало. Погледнете.

Ете го тоа совршено суштество, тоа сте вие, секој од нас.

Бидете позитивни, почитувајте се, понекогаш прекорувајте се, но запомнете дека вие вредите, Секој е убав на свој начин. Научете Вие самите да се сакате со сите ваши  недостатоци, затоа што само така другите ќе ве почитуваат, сакаат и ценат.

Затоа што ако луѓето би се оценувале со бројки, тогаш секој од нас заслужува 10ка, зар не? Wink

Н.Буџакоски

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
Фотки за утеха: Луѓе кои имаат полоши колеги од вашите Колеги кои со автомобилот зафаќаат две паркинг места и колеги кои чекаат некој д...
Себични работи што некои луѓе уште ги праваат кога летаат со авион Не ги соблекувајте чевлите и немојте да ги потпирате нозете на седиштето пред ва...
Договорила романтичен состанок со Ештон Кучер, но била убиена: Детали за злосторствата на „убиецот о... Во 2001 година, Ештон Кучер имал договорено состанок со млада девојка. Кога отиш...
8 филмски митови кои немаат смисла во реалноста Дали во детството стравувате да не паднете во вода со пирани бидејќи ќе ве изеда...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg