На 8 години останала без едно око, а денес е една од најубавите жени во БиХ – Неверојатната приказна на Сузана Васиќ

„Недостигало милиметар да го изгубам другото око, милиметар за да не ми биде ништо и милиметар да бидам мртва на лице место“, раскажа Сузана, една од најубавите жени во БиХ.

suzana-ostanala-bez-edno-oko-koga-imala-samo-8-godini-denes-e-edna-od-najubavite-zeni-vo-bih-01.jpg

Сузана Васиќ од Брчко има неверојатна животна приказна. 

Таа имала само 8 години кога започнала војната во БиХ.

Кога Сузана излегла надвор за да си игра, немала поим дека ќе биде погодена од граната.

suzana-ostanala-bez-edno-oko-koga-imala-samo-8-godini-denes-e-edna-od-najubavite-zeni-vo-bih-08.jpg

Гранатата паднала, а Сузана засекогаш останала без едното око. Сепак, за среќа успеала да преживее.

Во несреќата биле ранети таа и нејзина другарка.

suzana-ostanala-bez-edno-oko-koga-imala-samo-8-godini-denes-e-edna-od-najubavite-zeni-vo-bih-14.jpg

На денот на несреќата, во 1993 година, Сузана итно била префрлена во болница во Белград, каде што ја пречекал врвен стручен тим, во кој бил и офталмолог од Русија.

„Итно бев префрлена во болница во Белград каде ме прими врвна лекарска екипа.

Имав три големи операции.

Како што ми рекоа, недостигало милиметар да го изгубам другото око, милиметар за да не ми биде ништо и милиметар да бидам мртва на лице место“, раскажа Сузана во емисијата „Ново јутро“.

suzana-ostanala-bez-edno-oko-koga-imala-samo-8-godini-denes-e-edna-od-najubavite-zeni-vo-bih-18.jpg

Во болница лежела 6 месеци, а после една година добила протеза.

„На училиште носев превез, но децата знаат да бидат немилосрдни, несвесни за тежината на нивните зборови. Многу ме болеше, девојка сум. Меѓутоа, со текот на времето, работев на себеси и сфатив колку вредам и колку знам. Најлесно е да се повлечам и да го поминам животот во темнина, но јас не сакав да го направам тоа“, изјави Сузана.

suzana-ostanala-bez-edno-oko-koga-imala-samo-8-godini-denes-e-edna-od-najubavite-zeni-vo-bih-03.jpg

Денес има стаклено око и на нејзиното лице воопшто не се забележува дека доживеала голема траума.

Таа се пријавила и на избор за Мис, но била дисквалификувана во вториот круг, бидејќи искрено кажала дека го изгубила своето око за време на војната.

Тоа не ѝ ја разнишало самодовербата, туку напротив ѝ било мотивација да продолжи понатаму.

suzana-ostanala-bez-edno-oko-koga-imala-samo-8-godini-denes-e-edna-od-najubavite-zeni-vo-bih-15.jpg

Сузана е дипломиран козметичар, има свој козметички салон со кој постигнала голем успех.

Многупати и во професијата добивала коментари дека е слепа и токму затоа не е способна да прави третмани, но Сузана не потклекнала, туку низ животот чекорела како лавица.

suzana-ostanala-bez-edno-oko-koga-imala-samo-8-godini-denes-e-edna-od-najubavite-zeni-vo-bih-11.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg