Како да препознаете оригинален Victoria’s Secret спреј за тело и уште 5 други производи?

Дали знаете како да препознаете дали парфемот што го купувате е оригинален или дали маскарата што сте ја нашле на половина цена е само евтина копија? Погледнете уште неколку други производи кои би можеле да паднете во искушение да ги купите, без да знаете дека станува збор за копии.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-01.jpg

Колкупати ви се случило вашите омилени производи за убавина или чанти да ги најдете по сомнително ниска цена и да се запрашате: „Зошто е толку евтино?“

Најверојатно вистината е дека станува збор за добра копија на вашиот оригинален производ, што не би требало да ја купите затоа што не ги содржи идентичните состојки како оригиналот, изработен е во сомнителни услови и не ви го гарантира квалитетот како оригиналите.

Како да препознаете дали станува збор за оригинален производ или пак само за добра копија, која изгледа речиси идентично со оргигиналот?

Victoria’s Secret спреј за тело

Кога купувате спреј за тело од Victoria’s Secret, потребно е добро да ја погледнете амбалажата. Името на брендот треба да биде напишано на црниот дел под капачето, а името на спрејот е напишано веднаш под името на брендот на предната етикета.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-02.jpg

Кога ќе го отворите капачето, кај оригиналот ќе забележите мало дупче и број.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-03.jpg

Освен тоа, погледнете го добро шишето и во долниот дел.

Кај оригиналите секогаш на долниот дел има баркод и отпечатен број на шишето, што ја означува серијата на производство.

Добрите копии може да имаат отпечатен бар код, но нема да го видите бројот на серијата.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-04.jpg

Coco Mademoiselle парфем

Со оглед дека станува збор за едни од најпопуларните парфеми во светот, сосема е разбирливо зошто Coco Madеmoiselle на Chanel е еден од најчесто копираните мириси во светот.

Но, пред да купите ваков парфем што сте го нашле по екстремно ниска цена, обрнете внимание на следните детали:

Бојата на парфемот треба да биде розова, а не жолта како што често се случува со копиите.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-05.jpg

На дното од капачето треба да го има оригиналното лого на брендот, кое е совршено поставено на средината.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-07_copy.jpg

Шишето од кутијата треба да биде елегантно и нежно, додека кај копиите може да се забележи дека шишето е погрубо изработено и има дебело дно.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-08.jpg

Colossal Kajal молив за очи на Maybelline

Со оглед на тоа што станува збор за мошне копиран производ за убавина, треба да обрнете добро внимание пред да го купите.

Прво нешто што можете да го забележите е дека фонтот на името значително се разликува кај копијата, од оној на оригиналот.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-09_copy.jpg

Исто така, кај оригиналниот ајлајнер амбалажата е компактна и нема дел што може да се отвори на дното.

Кај оригиналниот ајлајнер на капачето има дупче, додека кај копиите, капачето е рамно.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-10.jpg

Уште еден важен детаљ е тоа што кај оригиналните ајлајнери од овој бренд секогаш има броеви на дното.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
14 креативни (и по малку бизарни) производи, што ќе сакате да ги купите веднаш Од сапун со мирис на сланина, преку плишан мајмун - држач за влажни шамивчиња, д...
Трагичниот живот на некогашниот најтежок човек на светот – Имал 400kg, 7 години не излегол од дома п... Рики Напути, кој важеше за најтешкиот човек на светот, цели три години пробувал ...
16 пати кога фотографиите покажуваат илузија многу поинаква од реалноста „На прв поглед си помислив дека се проѕирни, а не дрвени прегради“. „На прв п...
„Дигитални номади“ за тешката страна на нивниот живот: „Убаво е само ако имаш многу пари“ „Повеќето од нас се осамени бидејќи односот со луѓето што ги запознаваме е генер...

Најчитани неделава