Најбогатите бизнис династии во светот (и како ги заработиле парите)

Семејството што го поседува брендот Chanel има богатство од околу 95 милијарди долари, а семејството што управува со L'Oréal има богатство од околу 100 милијарди долари.

najbogatite-biznis-dinastii-vo-svetot-i-kako-gi-zarabotile-parite-01.jpg

Џеф Безос, Илон Маск и Бил Гејтс се богаташи кои ја имаат држено титулата „најбогат човек во светот“, благодарение на нивните бизниси.

Додека тие работат релативно самостојно, во светот на богаташите постојат цели семејства, кои се како династии во некоја бизнис сфера.

Бизнисите што ги водат можеби ги започнала една личност, но сега со нив управуваат повеќе членови на овие семејства.

Кои се најбогатите бизнис династии во светот?

Семејството Хофман-Оери

Семејството Хофман-Оери „тежи“ 25 милијарди долари, а најголем дел од богатството им потекнува од продажба на лекови.

Тие поседуваат огромен дел од компанијата Roche која произведува лекови против рак.

Семејството потекнува од Швајцарија, а неговите членови имаат и бројни други бизниси кои самиот им ја зголемуваат моќта.

Од ова семејство потекнуваат барем 10-тина милијардери.

najbogatite-biznis-dinastii-vo-svetot-i-kako-gi-zarabotile-parite-02.jpg

Семејството Ли

Богатството на семејството Ли од Јужна Кореја се проценува на околу 29 милијарди долари.

Тие поседуваат голем дел од акциите на Samsung и веројатно ви е јасно зошто се толку богати.

Притоа, тие инвестираат многу во уметнички дела и постојат гласини дека еден член на семејството извесен период бил како конкуренција на музеите во Јужна Кореја поради огромната колекција.

najbogatite-biznis-dinastii-vo-svetot-i-kako-gi-zarabotile-parite-03.jpg

Семејството Амбани

Богатството на семејството Амани од Индија изнесува околу 45 милијарди долари, а го стекнале во секторот за телекомуникации.

Повеќето семејства на листата пробуваат да ја заштитат својата приватност, но не и „главата“ на ова семејство кој го поседува најскапиот дом во светот.

Тој живее во зграда која се проценува на 2 милијарди долари.

najbogatite-biznis-dinastii-vo-svetot-i-kako-gi-zarabotile-parite-04.jpg

Семејството Дума

Во 2022 година, семејството Дума беше петто најбогато во светот, со богатство што се проценува на околу 94 милијарди долари.

Некои извори тврдат дека семејството има и над 100 милијарди.

Семејството поседува најголем дел од акциите на луксузниот бренд Hermès.

Интересно е што членовите на семејството се потомци на основачот на луксузниот бренд. Поради ова, Hermès е една од најголемите и ретките компании кои се управувани од семејството што ги основало.

najbogatite-biznis-dinastii-vo-svetot-i-kako-gi-zarabotile-parite-05_copy.jpg

Семејството Бетенкорт

Семејството Бетенкорт го поседува мнозинството од акциите на L'Oréal и нивното богатство се проценува на 100 милијарди долари.

И ова е една од ретките фирми која останала во истото семејство – L'Oréal е основана од детето на Франсоаз Бетенкорт која моментално е „глава“ на семејството.

najbogatite-biznis-dinastii-vo-svetot-i-kako-gi-zarabotile-parite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најповлечениот милијардер, второто најбогато семејство на светот: Кои се богаташите што се „кријат“ ... Филип Аншуц е нарекуван „најповлечениот милијардер во Америка“, а тој е личноста...
Несреќи, бизарни трагедии: „Најпроколнатите“ богати и моќни семејства Џеки Кенеди била „вплеткана“ во две проколнати семејства – Кенеди на нејзиниот у...
Стари македонски имиња за девојчиња со убаво значење Трендовите се менуваат од година во година, но многумина се прашуваат - каде исч...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Живеење со мртви тела и уште 5 необични култури низ земјите во светот Можете ли да се замислите себеси да живеете со мртви тела? Многу вообичаена прак...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg