Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја
Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка за птици. Денешните деца не знаат како да држат чекан во рацете.

Секоја генерација има свои правила, се однесува поинаку од претходната, внесува нешто ново и модерно (но можеби не и подобро).
Пред 50 години децата се плашеа да им се спротивстават на возрасните, денес се навредени ако некој повозрасен им даде сугестија или им искоментира нешто.
Колку се разликува растењето на децата пред неколку децении и денес?
Ова се некои од најочигледните докази дека растењето и воспитувањето на денешните и некогашните деца е како небо и земја:
Децата порано ги учеле да ги чуваат работите што ги имаат и да бидат внимателни со нив, зашто нема да добијат ново. Модерните деца знаат дека може да им се купи сè.

Децата порано чувствуваа обврска да им помогнат на постарите и да покажат почит. Денес многу деца веруваат дека секој треба да „им се поклонува“ на нив.

Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка за птици. Денешните деца не знаат како да држат чекан во рацете.

Момчињата беа воспитувани да им попуштаат на девојчињата. Денес важи правилото дека двата пола се еднакви.

Порано не постоеја „лични граници“. Денес децата знаат дека ако не сакаат, не мора да се прегрнуваат со никого, дури ни со роднините.

Некогаш се веруваше дека за детето да е здраво треба да се храни секој ден со различна храна и да внесува сè - исто и за возрасните. Никој не броел калории, но од друга страна и немало многу дебели деца.

Порано децата ги учеа дека треба да заработат пари со својот труд, да создадат нешто важно и вредно. Но, денес, децата не се срамат да заработуваат дури и од своите соученици...

Порано децата беа поздрави, можеби затоа што родителите не се тресеа над нив и им даваа повеќе слобода.

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ...
Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан...
Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации
Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца
Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни)
Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“
„Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...