Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Близнаци? (фото)
Од Анџелина Џоли и Кајли Миног, до принцот Вилијам и оскаровецот Килијан Марфи - кои познати личности се родени во хороскопскиот знак Близнаци?

Хороскопскиот знак Близнаци е трет во зодијакот, а трае од 21 мај до 21 јуни.
Луѓето родени во знакот на Близнаци се отворени, сакаат многу да зборуваат и лесно се приспособливи на секоја ситуација.
Тие имаат жед за знаење и сакаат да се успешни, па нека не ве чуди што голем број актери, музичари и познати личности се родени во овој знак.
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Близнаци?
Пол Макартни
Поранешниот член на Битлси и еден од најдобрите пејачи-текстописци во светот е роден на 18 јуни.

Анџелина Џоли
Една од најголемите холивудски ѕвезди е родена на 4 јуни.

Крис Еванс
Популарниот Капетан Америка роденден слави на 13 јуни.

Никол Кидман
Оскаровката со австралиско потекло е родена на 20 јуни.

Том Холанд
Актерот најпознат по улогата на Питер Паркер, односно Спајдермен, е роден на 1 јуни.

Хајди Клум
Германската манекенка, позната и како „Кралица на Ноќта на вештерките“, е родена на 1 јуни.

