Мит или вистина: Дали патниците со црвени куфери најдолго чекаат на аеродром?

Вирално се шири видео во кое дечко од персоналот покажува дека црвените куфери во авионот секогаш се товарат први, па затоа патниците што имаат вакви куфери чекаат подолго за да си го земат багажот. Дали ова е мит или вистина?

mit-ili-vistina-dali-patnicite-so-crveni-kuferi-najdolgo-chekaat-na-aerodrom-01.jpg

Со видеото што го објави на ТикТок, еден вработен на аеродром сакаше да покаже дека наводно постои оправдана причина зошто патниците со црвен куфер, последни го добиваат својот багаж.

Имено, според неговото објаснување, во авионот секогаш црвените куфери се пакуваат први затоа што се лесно воочливи и постои многу помала шанса да бидат заборавени на крајот од отворот. 

Според него, иако за црвениот куфер ќе чекате многу подолго за да го подигнете, добрата вест е дека шансите тој да биде загубен се многу помали.

https://www.tiktok.com/@airportlife_/video/7359248989134327072

Ова видео веднаш стана хит на социјалните мрежи, но и мета на критики од страна на вработени на аеродроми, кои тврдат дека приказната дека црвените куфери се пакуваат први во авионот е само измислица или мит.

Вработен во авиокомпанијата KLM Royal Dutch Airlines во друго видео тврди дека ова се безмислици, а дека вработените ниту имаат време, ниту простор за да го сортираат багажот според бојата.

@klm

@AirportLife✈️ Have you been wondering for days why red bags are loaded first? Well, here is the truth! ✈️ #KLM #Royaldutchairlines #redbags #luggage

♬ original sound - KLM Royal Dutch Airlines

„Ако трошевме време и мозок за да ги сместуваме куферите според бојата, денес сѐ уште ќе ги полнев авионите од 2015-та година“ – тврди еден корисник на Reddit, кој бил вработен 5 години на рампа на аеродром;

mit-ili-vistina-dali-patnicite-so-crveni-kuferi-najdolgo-chekaat-na-aerodrom-02.jpg

Според претходни написи од 2015-та година, багажот во авионот се распоредува исклучиво само според тежината и се сместуваат во „кутии“ со соодветна тежина со цел да се балансира целокупната тежина во леталото.

Така што, чекањето за багажот не зависи од тоа во каква боја е вашиот куфер, туку од тоа, во која од кутиите во авионот бил сместен со цел да се избалансира тежината.

mit-ili-vistina-dali-patnicite-so-crveni-kuferi-najdolgo-chekaat-na-aerodrom-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Хит видео топи срца: Собирачи на отпад му дадоа втора шанса на мечето Вини Пу, откако некој го фрлил... Изгледа вработените во комунална хигиена немаа срце да го уништат засекогаш кади...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg