Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските?

Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препознаете лажни монети од 2 евра, со кои се преплавени голем број земји од Европа?

najlesno-se-otkrivaat-so-magnet-vo-shto-se-razlikuvaat-lazhnite-moneti-od-2-evra-od-vistinskite-01.jpg

На прв поглед, речиси и да не може да се забележи разлика и тешко е да заклучите дали монетата од 2 евра што сте ја добиле е вистинска или лажна, но постојат суптилни разлики, на кои особено треба да внимавате.

Во последните неколку години земјите како Шпанија и Португалија мака мачеа со лажните монети од 2 евра, а според голем број од странските новински агенции, Косово целосно е преплавено со вакви лажни пари, па некои од бизнисите одлучиле воопшто да не прифаќаат да наплатат со монета од 2 евра.

najlesno-se-otkrivaat-so-magnet-vo-shto-se-razlikuvaat-lazhnite-moneti-od-2-evra-od-vistinskite-08.jpg

Доказ дека овие монети се толку многу застапени низ земјите во Европа е и тоа што, фотките со лажни монети од 2 евра редовно се споделуваат на Reddit, каде корисниците ги раскажуваат своите искуства со нив во Германија, Хрватска, Косово итн.

На кои работи треба да обрнете внимание кога ќе добиете монета од 2 евра и како да се уверите дека е оригинал?

На допир лажните монети секогаш се малку полесни од оригиналните и може да се разликуваат и во големината. Ако забележите дека монетата е неприродно лесна, тогаш добро е да обрнете внимание и на другите безбедносни детали.

Исто така, лажните монети може да бидат помали од оригиналните во дијаметар или да бидат потенки.

najlesno-se-otkrivaat-so-magnet-vo-shto-se-razlikuvaat-lazhnite-moneti-od-2-evra-od-vistinskite-03.jpg

Лажните монети речиси секогаш се посјајни од оригиналните. Кај фалсификатите, забележително е дека сребрената и златната боја се понагласени, а разлика може да се забележи и во самата текстура на материјалот од кој е изработена монетата.

najlesno-se-otkrivaat-so-magnet-vo-shto-se-razlikuvaat-lazhnite-moneti-od-2-evra-od-vistinskite-04.jpg

На предната страна од монетата, треба да се обрне внимание на деталите што се отсликани на неа (знамето на Eвропа, деноминацијата, односно бројот, треба да бидат јасно видливи). На задната страна обрнете внимание како е отпечатен грбот на земјата и бројот на ѕвездите (12).

На допир, секој детаљ треба видно да се разликува и да биде поткренат во однос на основата на монетата.

Исто така обрнете внимание на фонтот со кој е напишан зборот EURO, ѕвездите и мапата треба да бидат со правилен облик.

najlesno-se-otkrivaat-so-magnet-vo-shto-se-razlikuvaat-lazhnite-moneti-od-2-evra-od-vistinskite-05.jpg

Исто така добро е да се обрне внимание на страничниот дел од монетите. Назабувањата на рабовите кај сите монети од по 2 евра треба да се еднакво оддалечени и написите треба да бидат центрирани. Ова, вообичаено не е случај кај фалсификатите.

najlesno-se-otkrivaat-so-magnet-vo-shto-se-razlikuvaat-lazhnite-moneti-od-2-evra-od-vistinskite-06.jpg

Лажните монети може да се откријат и со помош на магнет. Кај монетите од 1 и 2 евра, најчесто средишниот дел благо се магнетизира, додека надворешниот дел нема магнетски способности.

Монетите од 10, 20 и 50 центи не се лепат на магнет, а монетите од 1, 2 и 5 центи веднаш се магнетизираат.

najlesno-se-otkrivaat-so-magnet-vo-shto-se-razlikuvaat-lazhnite-moneti-od-2-evra-od-vistinskite-07.jpg

Ако на прв поглед забележите дека некој се обидува да ви подметне лажна монета, најдобро е да не прифатите да ја земете. Исто така, ако забележите дека некоја монета наликува на лажна најдобро е да ја однесете во банка за да ја проверите.

najlesno-se-otkrivaat-so-magnet-vo-shto-se-razlikuvaat-lazhnite-moneti-od-2-evra-od-vistinskite-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ен... Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на...
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg