Детали од секојдневието на Индијците што им се чудни на туристите

Околу 11% од целото злато во светот е во сопственост на Индијките кои обично го наследуваат од нивните мајки и баби.

detali-od-sekojdnevieto-na-indijcite-shto-im-se-chudni-na-turistite-01_copy_copy.jpg

Иако се соочува со бројни проблеми, Индија е навистина фасцинантна земја.

Со богата историја и култура и уникатен начин на живот, Индија дефинитивно се истакнува.

Неколку детали од секојдневието на Индијците што го потврдуваат ова:

Низ улиците шетаат крави

Во Индија, кравите се свети животни, па можете да ги сретнете низ улиците дури и во поголемите градови.

detali-od-sekojdnevieto-na-indijcite-shto-im-se-chudni-na-turistite-02.jpg

Загадувањето на воздухот е сериозен проблем

Ова е нешто што и нам во Македонија ни е многу добро познато.

Минатата година, Индија беше трета на листата со држави со најзагаден воздух.

Главно воздухот е загаден од индустријализацијата, како и автомобилите и другите превозни средства.

detali-od-sekojdnevieto-na-indijcite-shto-im-se-chudni-na-turistite-03.jpg

Жените во Индија поседуваат 11% од целото злато во светот

Факт е дека Индија е сиромашна земја, но е втората најнаселена држава во светот, во која сепак има и многу богаташи.

Но, покрај богатите жени, дури и сиромашните може да поседуваат по некое парче злато.

Неретко раскошниот накит што го носат Индијките е направен токму од злато.

Овде, девојките го наследуваат златото, вклучувајќи го и накитот, па по неколку генерации тоа се акумулира.

detali-od-sekojdnevieto-na-indijcite-shto-im-se-chudni-na-turistite-04.jpg

Над 20% од жителите се вегетаријанци

Постои мит дека Индија е вегетаријанска земја каде што мнозинството од населението не јаде месо.

Иако ова не е точно, бројот на вегетаријанци сепак е огромен – се проценува дека помеѓу 23% и 37% од населението не јаде месо.

Ова ја прави Индија земјата со најмногу вегетаријанци, како и држава со најмала консумација на месо по жител.

Овој начин на исхрана потекнува од хиндуизмот – многу верници сметаат дека месото е нечисто и дека сите живи суштества се свети и не треба да се убиваат.

detali-od-sekojdnevieto-na-indijcite-shto-im-se-chudni-na-turistite-05.jpg

На популарните места има многу питачи

Индија е сиромашна земја и питачите се честа појава, особено на места кои се популарни за туристите.

Жално е што питачите неретко се мали деца.

detali-od-sekojdnevieto-na-indijcite-shto-im-se-chudni-na-turistite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg