12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате)

Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па во очите на другите изгледате како себична личност.

12-prichini-zoshto-ne-ste-im-dopadliva-lichnost-na-lugjeto-i-malku-gi-nervirate-01.jpg

Сите ние сакаме да знаеме дека сме важни некому, без разлика дали тоа е на работното место, во училиште, кај семејството или пријателите и сакаме да сме допадливи како личност.

Сепак, постојат некои работи кои ги правиме и кои влијаат негативно на перцепцијата на другите луѓе за нас.

Причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето:

1. Мислите дека светот се врти околу вас, односно секогаш сметате дека вашите потреби се поприоритетни од оние на другите луѓе.

2. Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па во очите на другите изгледате како себична личност.

3. Имате навика да си давате претпоставки за сè, особено за блиските, но кој ви даде право да мислите дека знаете сè?

4. Кажувате „да“ на сè, немате јасно поставени граници и со тоа не добивате почит од другите.

5. Работите секогаш ги сфаќате пресериозно и наместо да го живеете животот едноставно, вие го комплицирате со својот пристап, кој не е флексибилен.

12-prichini-zoshto-ne-ste-im-dopadliva-lichnost-na-lugjeto-i-malku-gi-nervirate-02.jpg

6. Не сте комплетно присутни во разговори, не ги слушате внимателно луѓето, а често дури си чепкате на телефон и со тоа ги навредувате.

7. Од сите конфликти што се случуваат околу вас се исклучувате, никогаш не го кажувате јасно вашиот глас и мислење.

8. Зависни сте од одобрувањето на другите и тоа ги истоштува, научете како да бидете посамоуверени и понезависни.

9. Зборувате премногу, ги прекинувате другите додека зборуваат, иако тоа што ќе го кажете е помалку важно од тоа што тие го кажуваат во моментот.

10. Арогантни сте кон другите и тоа не само кога имате лош ден, па дрскоста прави да не можете да воспоставите здрави врски.

11. Постојано се жалите, се фокусирате на проблемите, а не на решенијата и внесувате негативност секаде.

12. Користите непотребен сарказам постојано и не помислувате дали повредувате нечии чувства.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg