„Пораснав со тројца родители – имам татко и две мајки, а како дете не сфаќав која ми е биолошка“

„Бидејќи тројцата родители работат, секогаш сме имале повеќе пари. Но, не сме во контакт со бабите и дедовците бидејќи не ја одобруваат полигамната врска“, вели девојка која пораснала со две мајки и еден татко.

porasnav-so-trojca-roditeli-imam-tatko-i-dve-majki-a-kako-dete-ne-sfakjav-koja-mi-e-bioloshka-01.jpg

На Редит постои форум каде што еден корисник им дава простор на другите корисници да го прашаат што било за неговата професија, неговиот живот и слично.

Неодамна, 20-годишна девојка која пораснала со тројца родители го искористи форумот за да го сподели нејзиното искуство.

Нејзините родители се во полигамна врска, односно таа има две мајки и татко и откри детали за несекојдневното детство, вклучувајќи ги и недостатоците.

„Луѓето честопати ме прашуваат за моите родители и обично им одговарам со задоволство. 

Имам дозвола од тројцата родители за оваа објава, па ако имате прашања за нив, и тие можат да одговорат.

Нема да одговорам на неучтиви прашања бидејќи сепак станува збор за моите родители и ќе ми биде чудно“, пишува на објавата.

porasnav-so-trojca-roditeli-imam-tatko-i-dve-majki-a-kako-dete-ne-sfakjav-koja-mi-e-bioloshka-06.JPG

Бројни корисници имаат поставено прашања, а во продолжение дел од најзабавните одговори:

Кои се предностите и недостатоците на полигамна врска од перспектива на децата?

Предности:

- Имам повеќе родители кои се тука за мене.

- Мала е веројатноста сите тројца да бидат зафатени во ист момент, па секогаш има родител кој ми е достапен.

- Ако мислам дека еден родител ме казнил престрого, другите двајца можат да разговараат со него.

- Имам повеќе љубов.

- Сите се вработени, што значи повеќе пари, но и забавни семејни патувања.

- Полигамните родители полесно прифаќаат разни работи. На пример, кога брат ми кажа дека е геј, не им беше гајле.

Недостатоци:

- Немам никаква врска со бабите и дедовците бидејќи не го прифаќаат овој начин на живот.

- Тешко е да се запамети што сака секој родител.

- Малтретирање од другите деца.

- Ако двајца раскинат, но сакат да останат со третиот, може да настане навистина чудна ситуација за сите, вклучувајќи ги и децата.

porasnav-so-trojca-roditeli-imam-tatko-i-dve-majki-a-kako-dete-ne-sfakjav-koja-mi-e-bioloshka-05.JPG

Дали некогаш си помислила дека вашата животна ситуација е глупава или отсекогаш си ја прифаќала?

Еднаш, кога имав 10-11 години, помислив дека е глупаво и неколкупати ги прашав родителите зошто не можат да бидат нормални. Но, ова не траеше долго и почнав да ги прифаќам.

Мислам дека најмногу ми влијаеше притисокот од врсниците, но и на таа возраст сите се жалиме за родителите. А, и само што влегов во пубертет.

Родителите разговараа со мене и ме натераа да сфатам дека сум среќна што ги имам.

Спомна дека имаш брат – дали сте родени во ист период? Дали сте планирани, дали и двете мајки имаат родено?

Јас имам 20 години, а брат ми е скоро 17.

Родителите отсекогаш сакале три деца и се договориле дека е најдобро и двете мајки да родат по едно.

Но, не би им било грижа и ако едната родела две.

porasnav-so-trojca-roditeli-imam-tatko-i-dve-majki-a-kako-dete-ne-sfakjav-koja-mi-e-bioloshka-02.JPG

Дали си поблиска со биолошката мајка?

Поблиска сум со неа и би ми се скршило срцето ако се раздели од татко ми и другата мајка.

Дали ситуацијата ти беше збунувачка како дете?

Како дете, ми беше тешко да сфатам која ми е биолошката мајка. Но, како што растев, стануваше полесно.

Дали секогаш си била приоритет за родителите?

Јас и брат ми бевме приоритет за тројцата родители. Ништо не им беше поважно од нас.

Секој од родителите сакаше да помине барем малку време со нас секој ден.

Сепак, ако едниот родител е под стрес или слично, другиот ќе надополни за него, па никогаш не ни недостасуваше љубов.

porasnav-so-trojca-roditeli-imam-tatko-i-dve-majki-a-kako-dete-ne-sfakjav-koja-mi-e-bioloshka-04.JPG

Дали сите тројца законски се ваши родители/старатели?

Според законот, само биолошките родители ни се заведени како родители. Но, сите тројца имаат еднакви права за сè останато.

Дали сите се еднакви во врската? Дали твоите мајки некогаш си љубоморат?

Мислам дека сите се еднакви. Татко ми, на некој начин, можеби е главен дома, но не е главен во нивната врска.

Претпоставувам дека моите мајки некогаш можеби си љубомореле, но бидејќи се вљубени една во друга, љубомората сигурно не е изразена како што мислат луѓето.

Дали ти би била во полигамна врска?

Не можам да се замислам со две личности во врска. Среќна сум со мојот дечко и сакам да останеме сами заедно.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg