7 знаци дека сами на себеси си вршите булинг и како да си помогнете (низ илустрации)

Негативен говор

„Не, нема да можам ова да го направам. Другите се подобри од мене – јас никогаш нема да бидам толку добар/а!“

Велат дека ние самите сме си најлоши критичари, а некогаш не сме ниту свесни дека прекумерните критики што си ги упатуваме себеси може да ни ја нарушат сликата за реалноста.

Почнуваме сами да се осудуваме, да се обвинуваме, да се сомневаме во себе и да чувствуваме страв.

Заради таквите сомнежи почнуваме да веруваме дека нам ни недостасува нешто што другите го имаат.

7-znaci-deka-sami-na-sebesi-si-vrshite-buling-i-kako-da-si-pomognete-niz-ilustracii-05_copy.jpg

Не се прифаќате себеси – такви какви што сте

„Зошто толку се срамам? Сите се дружељубиви и екстровертни, а јас се затворам во себе“

Кога не сме во можност да се прифатиме такви какви што сме, многу повеќе сме сконцентрирани на нашите маани и недостатоци отколку на она што е добро и што ни е доблест.

Токму заради тоа многу повеќе им веруваме на другите луѓе, отколку што си веруваме себеси и заради тоа не сме ниту свесни дека си правиме полошо.

Ваквите симптоми најчесто се резултат на недостаток на самодоверба, анксиозност, стравови и несигурности.

Мора да научите да стекнете поголема доверба во себеси и да почнете да ги забележувате и сопствените позитивни страни, а не само недостатоците.

7-znaci-deka-sami-na-sebesi-si-vrshite-buling-i-kako-da-si-pomognete-niz-ilustracii-06.jpg

Перфекционизам

„Морам да се облечам совршено. Не смеам да си дозволам да изгледам дебело“

Перфекционизмот е еден од најсуптилните знаци на самоповредување – затоа што и не сте свесни дека постојано ги надминувате сопствените граници и се истоштувате.

Верувате дека ќе бидете среќни само ако успеете да ги остварите сопствените цели и не сте ниту свесни дека ваквата одлика може да ви предизвика хроничен стрес, анксиозност, депресија, опсесивно-компулсивно нарушување или нарушувања на исхраната.

Перфекционистите постојано се во мисија за остварување на нови цели, а не сфаќаат дека постои разлика меѓу потрагата по успех и перфекционизмот. Не мора сè да биде завршено перфектно за да биде успешно, нели?

7-znaci-deka-sami-na-sebesi-si-vrshite-buling-i-kako-da-si-pomognete-niz-ilustracii-07.jpg

Се казнувате себе си

„Не излегувам од дома додека не ги завршам сите обврски“

Дали секојпат кога не сте задоволни со сопствените успеси, имате потреба да се казните?

Некои луѓе знаат да се казнат себеси со негативни мисли, со постојани ментални лекции, со екстремни вежби, екстремни диети, чувство на вина, или пак да не си дозволат да се наградат себеси.

Најчесто кога не можеме да се справиме со тагата, гневот, срамот или чувството на вина, знаеме да се повредуваме себе си.

Ако забележите такво однесување кај себеси, добро е да поразговарате со психолог или со стручно лице и да не дозволите самоповредувањето да предизвика поголеми проблеми со вашето здравје.

7-znaci-deka-sami-na-sebesi-si-vrshite-buling-i-kako-da-si-pomognete-niz-ilustracii-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: AI



Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg