„Отровот е во твојата глава“: Мудра кинеска приказна за снаа и свекрва

„За целосно да избегнеш каков бил сомнеж, мора да го контролираш својот гнев, да научиш да почитуваш, да сакаш, да слушаш и да бидеш трпелива. Тогаш никој нема да се сомнева во тебе кога твојата свекрва ќе умре“...

otrovot-e-vo-tvojata-glava-mudra-kineska-prikazna-za-snaa-i-svekrva-01.jpg

Во древна Кина, кога некоја девојка ќе се омажела, одела да живее во домот на нејзиниот сопруг за да им служи нему и на неговата мајка.

Истото се случило и со девојка која по нејзината венчавка почнала да живее со сопругот, но не може да ги поднесе постојаните критики и малтретирања од нејзината свекрва.

Затоа, решила да се ослободи од неа.

Девојката отишла кај тревар кој бил пријател на нејзиниот татко, па му рекла:

„Не можам повеќе да живеам со свекрва ми. Таа ме полудува. Можете ли да ми помогнете? Добро ќе ви платам“.

„Што можам да направам за тебе?“, ја прашал мажот.

„Сакам да ми продадете отров. Да ја трујам свекрва ми и да се ослободувам од сите проблеми“, му одговорила девојката.

По долго размислување, човекот ѝ одговорил:

„Добро, ќе ти помогнам. Но, треба да разбереш две работи. Прво, не можеш веднаш да ја отруеш свекрвата, бидејќи луѓето ќе се посомневаат што се случило.

Ќе ти дадам билки кои постепено ќе ја убијат за никој да не помисли дека е отруена.

Второ, за целосно да избегнеш какво било сомневање, мора да го контролираш својот гнев, да научиш да почитуваш, да сакаш, да слушаш и да бидеш трпелива.

Тогаш никој нема да се сомнева во тебе кога таа ќе умре“.

otrovot-e-vo-tvojata-glava-mudra-kineska-prikazna-za-snaa-i-svekrva-02.jpg

Девојката се согласила на се, ги зела билките и почнала да ги става во јадењето на свекрвата.

Освен тоа, научила да се контролира, да ја слуша и да ја почитува.

Кога свекрвата ја забележала промената во однесувањето на нејзината снаа, ја засакала со целото свое срце.

На сите им кажувала дека ја има најдобрата снаа, онаква каква што една свекрва само може да сонува.

По шест месеци, нивната поврзаност станала толку голема, што станале блиски како мајка и нејзината ќерка.

Еден ден девојката отишла кај треварот и почнала да го моли:

„Спаси ја свекрва ми од отровот што ѝ го давав. Не сакам да ја убијам. Таа стана најпрекрасната свекрва, а јас ја сакам“.

Билкарот се насмевнал и ѝ одговорил:

„Не грижи се, не ти дадов никаков отров. Тоа што ти го дадов беа само зачини.

Отровот беше само во твојата глава, а ти самата се ослободи од него“.

otrovot-e-vo-tvojata-glava-mudra-kineska-prikazna-za-snaa-i-svekrva-02_copy.jpg

Извор / фото: Freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg