Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно

Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал компирите да бидат исечкани потенко. За инает, готвачот ги исекол на најтенки можни тркалца и ги пржел додека не станале крцкави. А, останатото е историја.

kafe-chips-i-ushte-5-raboti-koi-bile-otkrieni-sluchajno-01.jpg

Вообичаено, новите откритија настануваат по долго истражување и години и години напорна работа. Сепак, постојат исклучоци, како на пример - пеницилинот.

Но, тоа не е единствената работа која луѓето ја откриле случајно.

Меѓу нив е и чипсот и инстант нудлите...

Кои сè работи се откриени случајно?

Инстант нудли

Во 1960-те години во Јапонија бизнисменот Момофуку Андо насекаде гледал луѓе кои стојат во ред пред продавниците за храна или на пазарите додека чекале пазарџиите, готвачите или уличните продавачи да им зготват јадење.

Цела година размислувал како да направи храна што секој ќе може да ја подготви дома за 2 минути, а идејата му дошла додека ја гледал сопругата како подготвува традиционално јадење со риба, морски плодови и заленчук, кое прво се вари, а потоа пржи.

Првите инстант нудли се продавале како луксузна храна и чинеле 6 пати повеќе од другите тестенини.

Но, кога по некое време бил подобрен нивниот изглед, квалитет и вкус, почнале да се продаваат во целиот свет и да се меѓу омилените типови храна што се подготвува за само неколку минути.

kafe-chips-i-ushte-5-raboti-koi-bile-otkrieni-sluchajno-09.jpg

Гума за бришење

Првите гуми за бришење биле направени од трошки леб, односно луѓето со трошки ги бришеле трагите од напишаното.

Но, во 1770 година, Едвард Нарин по грешка зел мало парче гума наместо залче леб и сфатил дека совршено ги избришал трагите од напишаното на листот, па така се „родила“ гумата за бришење.

kafe-chips-i-ushte-5-raboti-koi-bile-otkrieni-sluchajno-08.jpg

Чипс

И чипсот е храна која е откриена случајно.

Според легендата, важен гостин во еден ресторан не бил задоволен од помфритот, па побарал компирите да бидат исечкани потенко.

За инает на гостинот, готвачот ги исекол компирите на најтенки можни тркалца и ги пржел додека не станале крцкави.

А, останатото е историја.

kafe-chips-i-ushte-5-raboti-koi-bile-otkrieni-sluchajno-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg