Павлова торта, Цезар салата - Како изгледале луѓето по кои се наречени популарните јадења?

Иако пицата не била храна за аристократи, во 1889 година, италијанската кралица Маргарита посакала да проба „обична храна“ и побарала да ѝ направат нешто што обичните луѓе го обожавале - така настанала една од најпопуларните светски пици.

pavlova-torta-cezar-salata-kako-izgledale-lugjeto-po-koi-se-narecheni-popularnite-jadenja-01.jpg

Во ресторан порачувате пица Маргарита, Цезар салата или Захер торта... Им го познавате вкусот на овие јадења, ги обожавате и уживате во секој залак.

Но, знаете ли дека некои од најпопуларните јадења го добиле името по вистински личности? Кои се тие и како изгледале?

Цезар салата

Името на популарната салата нема никаква врска со римскиот император Гај Јулиј Цезар, туку е поврзано со италијанскиот готвач Цезар Кардини.

Тој имал мексикански ресторан во САД и подготвувал храна за забава на која имало многу гости.

Кога пред крајот на забавата им снемало храна, Кардини направил салата со неколкуте состојки што во тој момент му се нашле во кујната: ставил зелена салата, јајца, малку пармезан, сок од лимон, крутони и Ворчестер сос, па им ја послужил на гостите.

За кратко време луѓето од околината дознале за салатата и почнале да доаѓаат во ресторанот на Цезар и да бараат таква салата.

Ова се случило пред точно 100 години, во далечната 1924 година.

pavlova-torta-cezar-salata-kako-izgledale-lugjeto-po-koi-se-narecheni-popularnite-jadenja-06.jpg

Пица Маргарита

Една од најпопуларните пици во светот има „кралски“ корени.

Иако пицата не била храна за аристократите, во 1889 година, италијанската кралица Маргарита посакала да проба „обична храна“, па побарала од наполитанскиот пица мајстор Рафаел Еспосито да ѝ направи нешто што обичните луѓе го обожавале.

Сакајќи да ѝ угоди на кралицата, тој направил 3 типа пица: со шунка, кашкавал и ароматични зачини; лута со домати, масло и лук; и пица со домати, босилек и моцарела.

На кралицата ѝ се допаднала третата опција, и по вкус, но и по изгледот, бидејќи ги имала трите бои на италијанското знаме - бела, зелена и црвена.

Оттогаш, овој деликатес е познат како пица Маргарита.

pavlova-torta-cezar-salata-kako-izgledale-lugjeto-po-koi-se-narecheni-popularnite-jadenja-09.jpg

Захер торта

Најпопуларната чоколадна торта во Австрија, Захер, има и свој празник.

Таа настанала во 1832 година, кога австрискиот министер за надворешни работи побарал да му се направи специјален десерт за вечерата на која требале да дојдат големи државници и им се заканил на готвачите дека не смеат да го посрамотат.

Но, дента шефот на кујната се разболел, па неговата работа ја презел 16-годишниот Франц Захер. Тортата што ја направил, и денес е меѓу омилените чоколадни торти, а го носи неговото име.

pavlova-torta-cezar-salata-kako-izgledale-lugjeto-po-koi-se-narecheni-popularnite-jadenja-02.jpg

Павлова торта

Воздушестиот десерт од белки, украсен со јагоди, бил креиран во чест на балерината Ана Павлова.

Во 1926 година таа била на турнеја во Австралија и Нов Зеланд и ги воодушевила локалците.

Во нејзина чест настанала популарната торта за која и денес се води дебата меѓу двете земји, бидејќи и Австралијците и Новозеланѓаните тврдат дека токму тие ја измислиле.

pavlova-torta-cezar-salata-kako-izgledale-lugjeto-po-koi-se-narecheni-popularnite-jadenja-05_copy.jpg

Сендвич

Дури и популарниот сендвич, каде две лепчиња се ставаат едно врз друго, со разни додатоци во средината, има свој креатор.

А тоа е Војводата Сендвич.

Во 18-тиот век, тој не сакал да го прекинуваат додека работи, па побарал од неговите слуги да му донесат парче месо меѓу две парчиња леб, наместо цел оброк.

pavlova-torta-cezar-salata-kako-izgledale-lugjeto-po-koi-se-narecheni-popularnite-jadenja-03.jpg

Тестенини Алфредо

Италијанскиот готвач Алфредо ди Лелио го измислил познатиот сос за тестенини на почетокот на 20-тиот век.

Се верува дека сосот од путер и пармезан го подготвил за сопругата откако го родила нивното прво дете.

pavlova-torta-cezar-salata-kako-izgledale-lugjeto-po-koi-se-narecheni-popularnite-jadenja-07.jpg

Начос

Игнасио „Начо“ Анаја работел во мексикански ресторан.

Во 1943 година во ресторанот дошле неколку жени, во моментот кога готвачот не бил таму, па Начо нашол пченкарни тортиљи во кујната, ги исекол на триаголници, им ставил рендан кашкавал, бибер и ги ставил во рерна.

Ова мезе станало толку популарно, што брзо потоа било вклучено во менито на ресторанот.

pavlova-torta-cezar-salata-kako-izgledale-lugjeto-po-koi-se-narecheni-popularnite-jadenja-08.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Инспиративна приказна: Дедо отишол да умре на остров во Грција, па живеел уште 45 години Гркот Стаматис додека живеел во САД добил дијагноза за рак на белите дробови и п...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg