Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг

Иако Џонатан и Џејн имале само платонска врска, по некое време на Стивен почнала да му пречи.

dva-propadnati-braka-afera-burniot-ljuboven-zhivot-na-stiven-hoking-09.JPG

Овој период Стивен имал негувателка – Илејн – која, пак, била во брак со инженерот кој го направи компјутер со чија помош физичарот зборуваше.

Тажен за пријателството на сопругата и Џонатан, физичарот почнал да се зближува со негувателката.

И, почнал и афера со неа.

dva-propadnati-braka-afera-burniot-ljuboven-zhivot-na-stiven-hoking-03.JPG

Во 1990-та, по 26 години брак, Стивен и Џејн се разделиле, а физичарот отишол да живее со Илејн (која исто така се развела).

Физичарот се венча со негувателката во 1995-та, откако го финализира разводот со Џејн.

Џејн, од друга страна, се венча со Џонатан во 1997-ма.

dva-propadnati-braka-afera-burniot-ljuboven-zhivot-na-stiven-hoking-02.JPG

Во 11-те години додека беа заедно, семејството на Стивен Хокинг ја обвинуваше Илејн дека го малтретирала.

Наводно, имал „исекотини и модринки“ кои бил необјасниви.

Сепак, и Стивен и Илејн ги негираа обвинувањата, па истрагата беше затворена.

dva-propadnati-braka-afera-burniot-ljuboven-zhivot-na-stiven-hoking-08.JPG

Физичарот се разведе од втората сопруга во 2006 година и остана сингл до својата смрт во 2018-та.

И, наводно, му годел ергенскиот живот бидејќи има извори кои велат дека го забележувале по стриптиз клубови во друштво на негови асистенти и негуватели.

dva-propadnati-braka-afera-burniot-ljuboven-zhivot-na-stiven-hoking-07.JPG

По неговата смрт, поранешната сопруга Џејн даде заедничка изјава со нивните деца.

„Тој беше одличен научник и прекрасен човек чии работа и наследство ќе живеат уште многу години.

Неговата храброст и упорност, заедно со смислата за хумор ги инспирираше луѓето ширум светот.

Еднаш рече ’Универзумот не би бил важен ако не беше дом на луѓето што ги сакаш‘. Ќе ни недостасува засекогаш“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg