10 знаци дека вашата пријателка е токсична за вас (и треба да се оддалечите)

Се чувствувате истоштено после секоја средба со неа, се чувствувате како пријателството да е трка која од вас е подобра и се сити на вашите неуспеси, а не ви ги слави радостите... Се пронајдовте? Веројатно е време за разладување на односите...

10-znaci-deka-vashata-prijatelka-e-toksichna-za-vas-i-treba-da-se-oddalechite-01.jpg 

Сите во животот сме налетале на токсични луѓе, но кога дружењето со нив е секојдневно, станува навистина напорно, па дури и без никаква смисла. 

Доколку имате најдобра пријателка која не ви го мисли најдоброто и сте свесни за тоа и секојдневно слушате лекции од неа, а ниту самата не си го сака сопствениот живот, зошто ви е потребен таков човек?

За жал, многумина не се ни свесни дека станува збор за токсична личност, па ако се пронајдете во некои од следниве ситуации, треба да ви стане јасно. 

Знаци дека вашата пријателка е токсична за вас:

Не се радува на вашите успеси, а тука е за да ви го набива на нос неуспехот и разочарувањата

Никогаш не е слободна за да слави за вашите успеси или ја менува темата, но умее и да ви каже „Ете гледаш, ти успеа, јас не“, со што ќе ви набива вина. Но, кога нема да успеете во нешто, секогаш е тука да ве „теши“.

10-znaci-deka-vashata-prijatelka-e-toksichna-za-vas-i-treba-da-se-oddalechite-02.jpg

Љубоморна е како да ви е партнер, а не пријателка

Не е среќна кога гледа дека излегувате и се дружите со други луѓе или колеги, прави гримаси и дава лоши коментари кога имате други планови и очекува дека треба секогаш да ја каните секаде со вас, на секое кафе или одење во кино.

Се чувствувате исцрпено по разговор или средба со неа

Можеби нема тоа веднаш сами да го забележите, но ако некој ви го посочи, по неколкупати и увидите дека сте уморни, ве боли глава и сте без енергија по средба со неа, време е да се оддалечите.

10-znaci-deka-vashata-prijatelka-e-toksichna-za-vas-i-treba-da-se-oddalechite-03.jpg

Чувствувате дека треба да скриете некои работи од неа

Сте забележале ли дека заради чудните реакции, осудувања, држење лекции или некое друго слично однесување кога споделувате нешто, веќе има повеќе работи кои сте одлучиле да ги скриете од неа? Полека но сигурно веќе ќе немате ни нормални теми за разговор … што правите со таква личност?

Сака да бидете достапни за неа во секое време

Понекогаш сите имаат потреба од итна помош, консултација или разговор, но токсичните пријателки го злоупотребуваат ова и не бираат време за да ви зборуваат за себе, дури и ако вие имате поважна работа. Додека дозволувате, ќе биде уште полошо.

10-znaci-deka-vashata-prijatelka-e-toksichna-za-vas-i-treba-da-se-oddalechite-04.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
9 илустрации што ќе ви разбудат носталгија - Како се славеше Нова година кога бевме деца vs. како се... Кристалот се вадеше еднаш-dvapati годишно, се користеше во специјални прилики и ...
6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg