12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви)
„Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека прави снешко. Но, тој направил вистинско ремек-дело - скулптура од дланка и два кренати прсти, - гестикулација која на јазикот на глувонемите значи ‘Те сакам’“.

Постојат „соседи од пеколот“, но и такви кои како да излегле од рајот.
Е, токму овие вториве би посакале да живеат покрај вас, особено кога ќе видите како ги изненадиле своите соседи.
Тие се доказ дека некои луѓе навистина знаат како да им го разубават денот на другите со своите мали гестови на добрина.
Во продолжение, нивните мали (и големи) гестови:
„Соседите дојдоа да не посетат пред празниците и ни дадоа плик со порака „Честит Божиќ“. А внатре ни оставиле 200 долари - бевме пресреќни“

„Оваа година родот беше поголем од вообичаено, па оставив неколку кутии со зеленчук за соседите да се послужат ако им треба“

„Останав без работа, заштедата скоро и да ја потрошив, а ќерка ми чека подарок за Нова година. Бев очајна, но тогаш дојде сосетката и ми го разубави денот“

„4-годишниот син на соседите оставил мал подарок за моето куче“

„Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека прави снешко. Но, тој направил вистинско ремек-дело - скулптура од дланка и два кренати прсти, - гестикулација која на јазикот на глувонемите значи ‘Те сакам’“

„Мојот сосед нема миленици, но ги обожава нашите и секој ден доаѓа да ги види, макар и преку оградата, а тие скокаат од среќа“

„Соседите собраа пари за да изградат мини библиотека во која секој може да си земе и да остави книга“

„Сосетката ме видела како седам лута и нервозна на тремот. Брзо откако влегов дома, ми стигна порака: ‘Погледни надвор’, а таму ме чекаше вазна со цвеќе“

„Соседот последните години го поткаструва дрвото во дворот во вид на лак - за да не мора да ги сече целосно гранките, а и ние да не треба да вртиме одоколу“

„Кога застуде, на едно од дрвјата на нашата улица видов закачени ќесички. Кога се доближив, сфатив дека се рачно плетени шалови, кои ни ги оставила сосетката за кој сака да си земе“

„Во куќата до нас се досели старица, па додека чекаше да ѝ воведат wi-fi, ѝ ја дадовме шифрата од нашата мрежа“

„Ни снема тоалетна хартија, па ги замоливме соседите што живеат под нас да ни позајмат една ролна - нивното куче ни ја донесе до врата“

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“
„Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин
„Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“.
„Ник...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото)
„Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“
„Баба...
Починала во својот дом, ја нашле три децении подоцна: Детали за една од најчудните мистерии од поран...
Хедвига Голик починала во 1960-тите или 1970-тите, во нејзиниот стан во Загреб. ...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации
Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците
„Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
