Сонувала да стане писателка, починала од тифус во логор: Детали од животот на Ана Франк

Семејството се скрило со помош на колеги на Ото Франк

До средината на 1942 година, во Холандија почнала систематска депортација на Евреите.

Семејството на Ана имало направено план за криење, но морале да го спроведат десет дена порано.

Имено, Марго добила наредба да се пријави кај надлежните за релокација во логор.

На 6-ти јули 1942 година, Ана и нејзиното семејство отишле на нивното скришно место – мал апартман во центарот на Амстердам, скриен зад канцелариите на фирмата каде што работел Ото Франк.

За нивното скришно место знаеле само неколку колеги и добри пријатели на Ото кои им помогнале да го опремат апартманот и, ризикувајќи го својот живот, им носеле храна и сè што им е потребно за да преживеат.

Тие биле и единствениот контакт со надворешниот свет за семејството на Ана.

sonuvala-da-stane-pisatelka-detali-od-zhivotot-na-ana-frankv-07.jpgПолицата зад која бил скриен влезот на апартманот во кој се криеле Ана и семејството

Ана и сестра ѝ се надевале дека ќе ја преживеат војната

Во периодот додека се криеле, Ана и Марго продолжиле да учат и читаат бидејќи биле сигурни дека по војната ќе можат да продолжат со образованието.

Во својот дневник, пак, Ана има пишувано како сонувала да стане писателка или новинарка која ќе биде запаметена и затоа не престанувала да учи, дури и додека се криеле.

sonuvala-da-stane-pisatelka-detali-od-zhivotot-na-ana-frankv-04.jpgОбласта во Амстердам каде што се наоѓа скривалиштето

Во скривалиштето им се придружиле уште неколку Евреи

Покрај Ана, сестра ѝ и родителите, по некое време во скривалиштето дошле уште четворица Евреи.

Сите останале таму околу две години.

Во дневникот, Ана има откриено дека почнало да ѝ се допаѓа момчето што се криело со нив, со него дури го споделила и првиот бакнеж.

Но, потоа пишува дека можеби привлечноста е бидејќи биле затворени во ист простор.

Во двете години, Ана пишува и за нејзиниот однос со родителите, за близината која ја стекнала со сестра ѝ, но и конфликтите кои настанувале меѓу сите кои биле присилени да делат толку мал простор за живот.

sonuvala-da-stane-pisatelka-detali-od-zhivotot-na-ana-frankv-08.jpgКуќата во којашто биле скриени Ана и семејството

Последниот запис на Ана е од 1-ви август 1944 година

На 4-ти август 1944 година, скривалиштето на Ана и семејството било пронајдено од германската полиција.

Тие биле уапсени и испрашувани, а следниот ден биле транспортирани во затвор.

По два дена, биле однесени во нацистички камп од каде чекале да бидат транспортирани во логор.

Бидејќи биле најдени додека се кријат, Ана и семејството биле третирани како криминалци и било во план да ги испратат во логор за принудна работа.

Уште не е познато како било откриено скривалиштето на Ана – постои теорија дека надлежните добиле дојава од анонимна личност, но и теорија дека го откриле случајно додека истражувале нешто друго.

sonuvala-da-stane-pisatelka-detali-od-zhivotot-na-ana-frankv-11.jpgТатко ѝ Ото во скривалиштето, по крајот на војната

Ана, мајка ѝ и сестра ѝ не ја преживеале војната

Во септември 1944 година, Ана и семејството биле испратени во Аушвиц.

Сите кои биле најдени во нивното скривалиште, биле казнети со тешка физичка работа.

Според најдените документи, во ноември истата година, Ана и сестра ѝ биле префрлени во логор во северна Германија.

Ана починала на 15-ти април 1945 година, кратко пред британските сили да го ослободат логорот од нацистите.

Сестра ѝ починала истата година во февруари, а и кај двете девојки причина за смртта била тифус.

Мајка им починала на почетокот од годината, во Аушвиц.

Единствено татко ѝ Ото ја преживеал војната кој бил ослободен од Аушвиц на 27-ми јануари 1945-та.

Кога се вратил во Амстердам, една од колешките која им помогнала во криењето му кажала дека го нашла дневникот на Ана.

Сакајќи да ѝ ја исполни желбата да стане писателка, но и да даде увид во животот на Евреите за време на војната, тој го издал.

Куќата во која се криеле Ана Франк и семејството денес е претворена во музеј.

Поглендете и: Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата листа)

sonuvala-da-stane-pisatelka-detali-od-zhivotot-na-ana-frankv-05.jpgМеморијал во логорот каде што починале Ана и Марго

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg