Сонувала да стане писателка, починала од тифус во логор: Детали од животот на Ана Франк

И покрај тоа што се криеле, Ана Франк пробувала да се фокусира на своето образование бидејќи сонувала да стане писателка штом ќе заврши војната. Откако починала во нацистички логор на 15-годишна возраст, татко ѝ пробал да ѝ ја исполни желбата и го издал нејзиниот дневник.

sonuvala-da-stane-pisatelka-detali-od-zhivotot-na-ana-frankv-01.jpg

Сите сме слушнале за Ана Франк – младата Еврејка преку чиј дневник денес имаме некаков увид во животот на Евреите за време на Втората светска војна.

Животот на Ана завршил трагично, во еден од логорите за време на холокаустот, но нејзината приказна е потресно сведоштво за историјата која не треба да ја заборавиме.

Дневникот на Ана е издаден од нејзиниот татко – единствениот член од семејството кој ја преживеал војната.

Детали од животот на Ана Франк:

Со родителите побегнале од Франкфурт во Амстердам

Ана била родена на 12-ти јуни 1929 година, во Франкфурт, Германија.

Со родителите Ото и Едит, како и сестра ѝ Марго, живееле во Франкфурт до нејзина 5-годишна возраст.

Кога на власт во Германија дошла нацистичката партија, Ана и семејството побегнале во Холандија.

Татко ѝ Ото имал познаници во Амстердам и тој прв се преселил таму во 1933 година.

Тој период, Ана била кај нејзините баба и дедо во германскиот град Ахен.

Веќе следната година, целото семејство било преселено во Амстердам.

sonuvala-da-stane-pisatelka-detali-od-zhivotot-na-ana-frankv-02.jpgАна (десно) и сестра ѝ Марго (лево)

Некој период живееле релативно мирно

Откако се преселиле во Амстердам, Ана и сестра ѝ продолжиле со образованието.

Подоцна, основното училиште во коешто учела Ана ќе биде преименувано во нејзината чест.

Ана и Марго биле добри ученички, а големо влијание врз ова имале и нивните родители кои постојано ги мотивирале да читаат и да учат.

Марго, иако на почетокот не знаела холандски јазик, мошне брзо се адаптирала и станала најдобриот ученик во своето училиште.

Ана, пак, обожавала да чита и да пишува и сонувала да стане писателка или новинарка.

Во Амстердам, татко им Ото имал бизнис за прехранбени продукти и иако биле бегалци, нивниот живот и не бил така лош, барем извесен период.

sonuvala-da-stane-pisatelka-detali-od-zhivotot-na-ana-frankv-09.jpg

Планирале да избегаат во САД

Во 1940 година Германија ја окупирала Холандија, а ова значело дека за Ана Франк и семејството повеќе не е безбедно да останат во Амстердам.

Татко им Ото пробал да најде начин да се преселат во САД, но нивните апликации за визи никогаш не биле процесирани.

Тие поднеле документи во американската амбасада во Ротердам, но зградата била уништена во 1940-та по бомбардирање од страна на Германија.

Со ова, биле уништени нивните документи, но и секоја надеж дека безбедно ќе стигнат во САД.

sonuvala-da-stane-pisatelka-detali-od-zhivotot-na-ana-frankv-10.jpg

Ана и Марго биле преместени во друго училиште

До 1941 година, во Холандија веќе почнала сегрегацијата на Евреите.

Па, на Ана и Марго им било соопштено дека ќе треба да го продолжат образованието во посебни училишта за Евреи.

sonuvala-da-stane-pisatelka-detali-od-zhivotot-na-ana-frankv-03.jpg

Ана го добила својот дневник како роденденски подарок

На 12-ти јуни 1942-ра, за нејзиниот 13-ти роденден, Ана за подарок добила дневник.

Првиот запис во него го направила на 20-ти јуни истата година и пишувала за сите рестрикции што ми се наметнувани на Евреите во Холандија.

Оттогаш, во дневникот пишувала скоро секој ден, до нејзиното депортирање во логорите.

sonuvala-da-stane-pisatelka-detali-od-zhivotot-na-ana-frankv-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg