Сакал да му остави милијарди на својот градинар, па парите исчезнале: Каде е богатството на наследникот на Hermès?

Наследникот на Hermès, милијардерот Никола Пеш, нема деца, па поднел документи да го посвои својот градинар и нему да му остави половина од богатството. Но, во меѓувреме, акциите што ги поседувал во Hermès исчезнале, а со тоа и најголем дел од неговите пари.

sakal-da-mu-ostavi-milijardi-na-svojot-gradinar-pa-parite-ischeznale-kade-e-bogatstvoto-na-naslednikot-na-hermes-01.jpg

Брендот Hermès е основан во далечната 1873 година и оттогаш се претвори во една од најмоќните компании во својата индустрија.

Денес вредноста на компанијата се проценува на 260 милијарди долари, додека семејството што ја има основано важи за едно од најбогатите во светот.

Основачот на луксузниот бренд е Тиери Ермес и до денес неговото семејство управува со најголем дел од компанијата.

sakal-da-mu-ostavi-milijardi-na-svojot-gradinar-pa-parite-ischeznale-kade-e-bogatstvoto-na-naslednikot-na-hermes-6.JPG

Еден од наследниците на основачот е 82-годишниот Никола Пеш кој поседува најголем дел од акциите на Hermès и чие богатство се проценува на 12 милијарди долари.

Никола нема ни сопруга ни деца, па планираше дел од богатството да остави на неговиот градинар.

Но, по контроверзната одлука, голем дел од богатството од империјата Hermès исчезна.

sakal-da-mu-ostavi-milijardi-na-svojot-gradinar-pa-parite-ischeznale-kade-e-bogatstvoto-na-naslednikot-na-hermes-9.JPG

Кои се причините за чудната одлука на милијардерот и што се случило со парите?

Никола Пеш се држи настрана од јавност и живее во Швајцарија.

Во 2023 година, се појавија гласини дека поднел документи за легално да го посвои неговиот градинар, со цел тој да стане наследник на неговото богатство.

Градинарот е всушност возрасен маж, кој има околу 50 години, а милијардерот сакал да му остави половина од парите, односно околу 6 милијарди долари.

За градинарот е познато дека потекнува од Мароко, како и дека има сопруга и две деца.

sakal-da-mu-ostavi-milijardi-na-svojot-gradinar-pa-parite-ischeznale-kade-e-bogatstvoto-na-naslednikot-na-hermes-05.JPG

Но, не се знае во каков однос е со милијардерот, односно колку долго работи за него и колку се блиски.

Пред контроверзната одлука, милијардерот планирал да го остави богатството на неговата добротворна фондација Isocrates, којашто ја формира во 2011 година.

Па, раководителите на фондацијата се огласија, барајќи од милијардерот да не го прекршува договорот за наследството.

sakal-da-mu-ostavi-milijardi-na-svojot-gradinar-pa-parite-ischeznale-kade-e-bogatstvoto-na-naslednikot-na-hermes-12.JPG

Најголем дел од парите на Никола се од акциите во Hermès, а според договорот, доколу не добие дете, овие акции треба да ги наследи фондацијата.

Но, додека фондацијата се жалеше, кон средината на 2024 година беше соопштено дека дел од богатството на милијардерот мистериозно исчезнало.

Она што исчезнало не се физички пари, туку акциите на милијардерот во Hermès, па поради ова било тешко да се лоцираат кај кого се.

sakal-da-mu-ostavi-milijardi-na-svojot-gradinar-pa-parite-ischeznale-kade-e-bogatstvoto-na-naslednikot-na-hermes-11.JPG

Милијардерот ретко обрнувал внимание на неговите финансии, но кога решил да ја провери состојбата, сфатил дека на негово име нема ништо, освен неколку имоти и инвестиција во бизнис во Канада.

Па, бил убеден дека зад кражбата на акциите стои неговиот финансиски советник Ерик Фрејмонд.

sakal-da-mu-ostavi-milijardi-na-svojot-gradinar-pa-parite-ischeznale-kade-e-bogatstvoto-na-naslednikot-na-hermes-03.JPG

Наводно, Никола „слепо“ му верувал на Ерик и му дозволувал да раководи со неговите финансии без никаков надзор.

Па, милијардерот се сомневал дека токму тој ги продал акциите без да го извести.

Никола го тужеше Ерик, но на судењето тој изјави дека милијардерот не е во состојба да води сметка за своите пари поради проблеми со менталното здравје.

Тој истакна и дека Никола купил дури 54 имоти за градинарот и неговата сопруга и ова бил доволен показател за неговата немарност со парите.

sakal-da-mu-ostavi-milijardi-na-svojot-gradinar-pa-parite-ischeznale-kade-e-bogatstvoto-na-naslednikot-na-hermes-10.JPG

Ерик не беше обвинет поради недостаток од докази, додека милијардерот бил на лекар кој утврдил дека сепак е во добра психичка состојба.

Никола има братучеди и роднини кои поседуваат акции во Hermès, но значително помалку од него.

Па, исчезнатите акции на милијардерот му го влошија односот со целото семејство.

sakal-da-mu-ostavi-milijardi-na-svojot-gradinar-pa-parite-ischeznale-kade-e-bogatstvoto-na-naslednikot-na-hermes-04.JPG

Засега уште не е познато каде се акциите на Никола, додека тој наводно уште пробува да го посвои својот градинар.

Веројатно милијардерот го чекаат уште многу правни предизвици додека вистината да излезе на виделина.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Ана: Имиња кои означуваат среќа и се благослов за тие што ги носат Лука - Име кое често се поврзува со светлина и добри работи, а последниве години...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
Ладнокрвно убил дете бидејќи бил жртва на булинг: Морничавата приказна за 13-годишниот „убиец со пег... Во 1993-та, 13-годишниот Ерик Смит од САД ладнокрвно убил 4-годишно дете бидејќи...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава