Како од филм за Џејмс Бонд: Луди шпионски оружја од Студената војна
Пиштол скриен во кармин, уред за прислушување во форма на инсект – за време на Студената војна, ЦИА и КГБ биле навистина креативни со нивните шпионски оружја.

Студената војна е период на зголемени тензии помеѓу САД и Советскиот Сојуз (СССР) кој траел од 9145 до 1991 година.
Периодот е нарекуван „студена војна“ бидејќи немало отворен воен конфликт меѓу двете земји, но затоа, пак, шпионажата цутела.
И САД и СССР се шпионирале една со друга, а нивните разузнавачки агенции – ЦИА и КГБ – станувале сè покреативни со опремата за шпионирање.
Кога се во прашање шпиони и тајни агенти, прво помислуваме на Џејмс Бонд, а популарниот лик и настаните во книгите (и филмовите) се инспирирани токму од Студената војна.
Па, можеби не е ни чудно што шпионските алатки и оружја делуваат како излезени од филм за најпознатиот таен агент.
