Кои се 5-те фази на тагување и како да си помогнете кога ви е најтешко?

Тагувањето е нормална реакција на загуба, но може да предизвика емоции кои не ги очекувате, како гнев и страв, па добро е да бидете свесни за фазите на тагувањето, со цел подобро да ги разберете своите чувства.

koi-se-5-te-fazi-na-taguvanje-i-kako-da-si-pomognete-koga-vi-e-najteshko-01.jpg

Тагувањето е нормална реакција кога ќе ги изгубиме некого.

Може да се опише како емоционална болка која некогаш е пресилна, но и која може да биде придружена со други емоции кои не секогаш се очекувани, како гнев, неверување, па и вина.

Тагувањето може да има влијание и врз физичкото здравје бидејќи го отежнува спиењето, влијае врз апетитот, а неретко и врз рационалното размислување.

Справувањето со смртта на блиска личност е еден од најголемите предизвици со кои луѓето можат да се соочат и доколку сте во ваква ситуација, важно е да побарате помош и поддршка.

Што треба да знаете за тагувањето и како да си помогнете во најтешките мигови?

Главни митови поврзани со тагувањето

Мит 1: Болката ќе помине побрзо ако не ја игнорирате.

Долгорочно, игнорирањето на болката може да ви ја влоши ситуацијата. За вистински да закрепнете, треба да се соочите со болката.

Мит 2: Мора да бидете силни

Не треба да глумите дека сте силни во мигови кога тагувате. Нормално е да се чувствувате тажно и не треба да ги потиснувате вашите чувства.

Мит 3: Ако не плачете, тогаш не тагувате

Секој реагира различно кога тагува – некои луѓе плачат многу, а некои нема да пуштат ни солза. Ако вие не плачете, воопшто не значи дека не тагувате за загубената личност.

Мит 4: Со текот на времето ќе ја заборавите загубата

Никогаш нема да ја заборавите загубата на сакана личност, но со текот на времето ќе ја прифатите и ќе научите да живеете со неа.

koi-se-5-te-fazi-na-taguvanje-i-kako-da-si-pomognete-koga-vi-e-najteshko02.jpg

Како да се справите со тагувањето?

Тагувањето е неизбежен дел од животот и има начин како да со помогнете во ваквите мигови.

Неколку совети што ќе ви бидат од корист:

- Бидет свесни за вашата болка и не ја игнорирајте.

- Прифатете дека тагувањето може да предизвика и низа други емоции кои не сте ги очекувале.

- Разберете дека сите луѓе тагуваат различно и нема „правилен“ или „погрешен“ начин.

- Побарајте поддршка од вашите сакани, но и професионалец ако имате потреба.

- Водете грижа за физичкото здравје.

- Бидет свесни за разликата помеѓу тагување и депресија – тагувањето е нормална реакција, додека депресијата е нарушување кое бара стручна помош.

koi-se-5-te-fazi-na-taguvanje-i-kako-da-si-pomognete-koga-vi-e-najteshko-03.jpg

Кои се петте фази на тагување?

Во 1969 година, психијатарот Елизабет Киблер-Рос претставила концепт познат како „петте фази на тагување“.

Користејќи го своето искуство со нејзините пациенти, таа сфатила дека повеќето од нас минуваат низ пет фази пред да ја надминат и прифатат болката.

Петте фази на тагување:

Негирање: „Ова не може да ми се случува мене“.

Гнев: „Зошто се случува ова? Кој е виновен?“

Преговарање: „Ако ова не се случува, ќе направам…“

Депресија: „Премногу сум тажен/а да правам што било“.

Прифаќање: „Се помирив со она што се случи“.

Добро е да бидете свесни за петте фази бидејќи нема да се чувствувате збунето кога ќе имате други емоции освен тага.

Истовремено, важно е да знаете дека не секој минува низ петте фази пред да ја прифати болката, ниту, пак, сите минуваат низ фазите по ред.

Односно, можно е да чувствувате само гнев пред да ја прифатите загубата, или можно е да чувствувате депресија, па гнев, па прифаќање или која било друга комбинација.

Целта на д-р Киблер-Рос е да ги претстави петте можни фази на тагување со цел луѓето подобро да ги разберат своите емоции.

Не постои еден начин на тагување бидејќи сите сме различни.

koi-se-5-te-fazi-na-taguvanje-i-kako-da-si-pomognete-koga-vi-e-najteshko-06.jpg

Тагувањето може да биде како ролеркостер

Сосема нормално е да почнете да се чувствувате подобро, за веќе следниот ден повторно да бидете депресивни поради загубата.

Процесот на тагување не е линеарен и нормално е да чувствувате нагли промени на емоциите.

Со текот на времето, овие промени ќе стануваат пократки и поретки, за на крај да се помирите.

Но, сепак, во одредени моменти, како на пример роденденот на личноста што сте ја загубиле, нормално е повторно да се вратат емоциите како тага.

koi-se-5-te-fazi-na-taguvanje-i-kako-da-si-pomognete-koga-vi-e-najteshko-04.jpg

Симптоми на тагување

Иако, како што веќе спомнавме, секој тагува различно, некои симптоми се јавуваат кај повеќето.

Постојат емоционални и физички симптоми на тагување.

Емоционални симптоми:

  • Шок и неверување
  • Тага
  • Чувство на вина
  • Чувство на страв
  • Гнев

Физички симптоми на тагување:

  • Замор
  • Гадење
  • Намален имунитет
  • Дебелење или слабеење
  • Болки по телото
  • Несоница

koi-se-5-te-fazi-na-taguvanje-i-kako-da-si-pomognete-koga-vi-e-najteshko-05.jpg

Не треба да се изолирате

Неретко луѓето кои тагуваат се повлекуваат, не ја споделуваат својата болка и се изолираат.

Но, ова може да биде контрапродуктивно и да ви ја влоши состојбата.

Во ваквите моменти, особено е важно да не се изолирате:

- Побарајте помош од пријателите и членовите на семејството.

- Прифатете дека на вашите блиски може да им биде чудна целата ситуација, особено ако самите не се соочиле со загуба. Но, тоа не значи дека не сакаат да ви помогнат.

- Свртете се кон вашата вера доколку сте религиозни.

- Разговарајте со терапевт.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...

Најчитани неделава