Michelada - Мексикански коктел со пиво

michelada-meksikanski-koktel-so-pivo-povekjeНема нешто што Мексиканците не можат да го помешаат со лут сос, па така по малку се капнува и во ладно пивце. Основниот рецепт за мексиканскиот...


...коктел Michelada е многу едноставен, но има повеќе локални верзии што се пијат ширум Средна и Јужна Америка.

Michelada:

Работ на чашата натопете го со сок од лимета, па порабете со сол.

michelada-meksikanski-koktel-so-pivo-1

Помешајте 2-3 големи лажици сок од лимета, капнете малку лут табаско сос и прстофат морска сол во голема чаша. Некои тврдат дека основниот коктел воопшто нема лут сос, па слободно избегнето го ако не ви ви се допаѓа.

По желба додадете мраз и дополнете ја чашата со пиво.

michelada-meksikanski-koktel-so-pivo-2

Пивото мора да е светло, чашата порабена со сол и автентично е да се користи зелена лимета, а не жолт лимон. Инаку секое место има своја „најдобра“ верзија на Michelada, а тие вклучуваат доматен сос, бибер, лут црвен пипер или други зачини слични на чили, 2-3 капки Worcestershire сос, или пак малку текила.

Зачинувајте по желба, па кажете како сте поминале :)

Би можело да ве интересира:

Пиење по работа со колегите и шефот: Што е „nomikai“ во Јапонија и го практикуваме ли и кај нас? Во Јапонија, пиењето со клиенти или колеги се смета за знак на лојалност кон ком...
12 импресивни трансформации, кои ќе ве инспирираат и вие да смените нешто (дома или кај себе) „Имав лош период и поминав скоро 2 недели во кревет плачејќи, без да станам. Кос...
„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гле...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
16 забавни фотографии што ќе ве изненадат како снег среде лето „Сакав да се освежам со сладолед на плажа, си купив во еден макрте и кога го гри...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...

Најчитани неделава