10 работи што ги правиме сите, но треба да престанеме

Го допирате лицето во текот на денот

Максимално избегнувајте да го допирате лицето во текот на денот.

Најпрво, поради бактериите, можете да си создадете низа кожни проблеми. Покрај тоа, ако рацете не ви се измиени, лесно можете да се заразите со нешто.

10-raboti-shto-gi-pravime-site-no-treba-da-prestaneme-7.JPG

Го полните телефонот преку ноќ

Иако ова е генерално безбедна навика, може да ѝ го намали рокот на батеријата.

Ако батеријата постојано е на 100%, како кога го полните телефонот преку ноќ, може да ѝ се намали капацитетот.

Исто така, топлината која се генерира кога телефонот долго време е на полнач може да ја оштети батеријата.

10-raboti-shto-gi-pravime-site-no-treba-da-prestaneme-08.JPG

Не го мерите количеството шпагети со лажицата

Ако сте како повеќето, сигурно секогаш варите трипати повеќе шпагети отколку што ви треба.

Дупката на лажицата за шпагети ќе ви помогне во мерењето - во неа собира сноп шпагети доволни за еден оброк.

10-raboti-shto-gi-pravime-site-no-treba-da-prestaneme-09.JPG

Ги миете забите многу ретко или многу често

Задолжително мијте ги забите пред спиење ако сакате да избегнете проблеми како кариес.

Од друга страна, не треба ни премногу често да ги миете забите бидејќи можете да го оштетите заштитниот слој.

Идеално е да ги миете двапати дневно, по две до четири минути, без да притискате многу.

10-raboti-shto-gi-pravime-site-no-treba-da-prestaneme-10.JPG

Чувате млечни продукти на вратата од фрижидерот

Поради отворањето, вратата на температурата од фрижидерот не е константна.

Па, ако овде чувате продукти кои се расипуваат побрзо, како млеко, сирење и слично, значително ќе им го скратите рокот на траење.

10-raboti-shto-gi-pravime-site-no-treba-da-prestaneme-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
„Цела недела пиев по 3 литри вода дневно – позитивните промени беа поголеми отколку што очекував“ „Најголема промена видов во кожата – лицето веќе ене ми беше суво, туку хидриран...
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg