Бонтон правила за на маса од земјите ширум светот, кои се многу поразлични од нашите
Додека во Етиопија се јаде само со раце, поточно десната, во Чиле ќе бидете осудувани ако не користите прибор, дури и за пица или сендвич.
Дефинитивно храната е едно од оние нешта што нè зближуваат и делењето оброк со некој, особено личност која ни значи, секогаш претставува чест.
Но, иако храната ни е нешто заедничко на сите, бонтон правилата за на маса многу се разликуваат од земја во земја.
Бонтон правила од други земји кои се сосема поразлични од нашите:
Јужна Кореја
Во Јужна Кореја, на најстарата личност на масата ѝ се покажува најмногу почитување. Никој не почнува со јадење пред најстарата личност, а кога ѝ се подава нешто од масата, тоа треба да се направи со двете раце.
Исто така, важно е храната да не се јаде ниту многу брзо, ниту, пак, многу бавно.
Јапонија
Кај нас гласното јадење се гледа со презир, но во Јапонија е како аплауз за готвачот, особено кога се во прашање нудли.
Исто така, Јапонците никогаш не ги ставаат стапчињата за јадење во чинијата бидејќи ова се прави само за време на погреби.
Кина
Кинезите следат многу традиции, а ова важи и за манирите за јадење. Обично се јадат неколку различни јадења и сите се поставуваат на маса, па луѓето сами си полнат чиниите.
Првата личност која си ја полни чинијата обично е најстарата, или, пак, оној кој е почестен гостин во нечиј дом.
Притоа, никој не сме да си игра со стапчињата за јадење, како на пример да покажува кон некого со нив или, пак, да ги стави во чинијата, како во Јапонија.
Ако некој сака да си стави пијалак, прво треба да ги понуди другите на масата.
Саудиска Арабија
Голема чест е некој да ве покани на вечера во Саудиска Арабија, па од гостите се очекува да ги следат основните бонтон правила.
Најпрво гостите се пречекуваат со кафе, а кога ќе дојде време за јадење, храната обично се послужува на подот или на ниска маса, а сите седат на перници.
Се јаде и со прибор, и со раце, а храната треба да се јаде со десната рака.
Етиопија
Целата храна во Етиопија обично се служи во само една чинија. Исто така, јадењето е само со раце, ретко кога се употребува прибор.
Етиопјаните имаат и традиција кога си даваат храна еден на друг, во знак на дарежливост и гостопримливост.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





