Изгладнување, мачење со денови: Како изгледа животот во озлогласениот затвор Гвантанамо?
Ги казнувале оние кои пробувале да извршат самоубиство
Ако она што се зборува за затворот е точно, лесно е затворениците да се чувствуваат безнадежно и да пробаат да посегнат по својот живот.
Наводно, кога се случувало ова, затворениците кои пробале да извршат самоубиство биле казнувани така што им било одземано сè од ќелијата, вклучително и нивната облека, а некои биле затворани и во самица.
Ги казнувале кога протестирале
Не е ништо ново затворениците да протестираат за подобри услови во затворите ширум светот.
За затворениците во Гвантанамо, единствен начин на протест бил штрајкот со глад, со надеж дека ова ќе допре до јавноста и надлежните ќе бидат притиснати да променат нешто.
Во 2013-та имало ваков штрајк, но за да ги казнат затворениците, чуварите ги хранеле присилно преку цевка, со течна храна, а не се променило ништо во однос на условите.
Имало страшни методи на измачување
Некои поранешни затвореници тврдат дека трпеле страшни измачувања додека биле во затворот.
Покрај тоа што биле тепани со денови, некои биле закачувани да висат од таванот, а на други не им дозволувале да заспијат, така што им истурале студена вода врз главата.
Им дозволувале да имаат некакво хоби
Во целата голгота, според сведоштвата, затворениците сепак имале право на некакво хоби, како читање, сликање или пишување.
Впрочем, некои поранешни затвореници дури и ги продавале сликите што ги насликале во затворот, откако биле ослободени.
Многу затвореници страдале од ментални проблеми
Поради методите за измачување, изолацијата и другите форми на казнување, наводно голем дел од затворениците развиле сериозни проблеми со менталното здравје, вклучувајќи хронична несоница и посттрауматско стресно нарушување.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





