Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Десет знаци дека некој само глуми дека ви е пријател

Вие му организирате цела роденденска забава, а тој заборава и да ви го честите роденденот.

deset-znaci-deka-nekoja-lichnost-samo-glumi-deka-vi-e-prijatel-01.jpg

Кога-тогаш, во животот ќе сретнете личност која мислите дека ви е пријател, кога всушност не ви е.

Но, некогаш може да биде тешко да ги согледате знаците дека не ви е вистински пријател.

Затоа, ако се двоумите за некое пријателство, обрнете внимание на следниве работи:

Секогаш вие треба да се јавите први

Ако некоја личност ви е вистински пријател, нема секогаш да чека вие да ѝ се јавите први. Туку, и таа ќе ве контактира вас бидејќи со тоа покажува дека се интересира за вас и вашиот живот.

Секогаш вие планирате излегувања

Дали забележувате дека вие сте иницијаторот на сите средби и на вас останува целата организација? Тогаш можеби овој пријател не е многу заинтересиран да минува време со вас и не можете да го наречете „вистински“.

deset-znaci-deka-nekoja-lichnost-samo-glumi-deka-vi-e-prijatel-04.jpg

Заборава родендени и важни датуми

На секој му се случува да заборави нечиј роденден. Но, ако вие го давате најдоброто од себе за родендените на овој пријател, а тој заборава и да ви честита, тогаш пријателството е еднострано.

Ви враќа на пораките после цела вечност

Секако дека пријателите не може да бидат достапни за нас 24/7 – и тие имаат свои обврски, проблеми, грижи… Но, штом забележувате дека некој пријател ви договара на пораките по неколку денови, а некогаш не ви ни одговара, тогаш можеби не треба да му обрнувате толку внимание.

Има периоди кога целосно ве игнорира

Вистинските пријатели нема да ве заборават цел месец, па потоа да се прават како ништо да не се случило. Ако имате пријател кој ви се чини дека често ве заборава, тогаш воопшто не ви е пријател.

deset-znaci-deka-nekoja-lichnost-samo-glumi-deka-vi-e-prijatel-02.jpg

Не се радува за вашите успеси

Штом некој ви завидува кога ќе успеете, наместо да прослави со вас, тогаш таа личност не ви е вистински пријател. Пријателите се овде за да нè поддржуваат и да нè охрабруваат, а не да прават да се чувствуваме лошо за нашите успеси.

Ве бара само кога му треба нешто

Размислете дали имате пријател кој ви се јавува, но само кога има потреба од нешто или само кога му треба рамо за плачење. Ако одговорот е да, тогаш оваа личност само ве користи.

deset-znaci-deka-nekoja-lichnost-samo-glumi-deka-vi-e-prijatel-03.jpg

Не си ги исполнува ветувањата

Иако не треба, на сите ни се случило да не исполниме некое ветување. Сепак, ако се дружите со личност која постојано го прави ова, тоа значи дека не ве цени и дека не можете да ѝ верувате, односно дека не ви е пријател.

Никогаш не ве прашува за вашиот живот

Вистинските пријатели искрено се интересираат за нашите животи – ни поставуваат прашања, нудат помош и совети, сакаат да разговараат… Ако некој што го сметате за пријател зборува само за себе и никогаш не покажува интерес за вас, тогаш не ви е вистински пријател.

Му правите услуги, а никогаш не ви враќа

Пријателите се овде за да ни помагаат, но треба и ние да возвратиме со истото. Ако забележите дека некој постојано бара нешто од вас, но никогаш во животот не ви помогнал, тогаш не ви е пријател.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 вистински фотки кои делуваат како да излегле од виртуелна реалност Некои работи се пред нас, а сепак мора да ги протриеме очите за да се осигуриме ...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg