Девојка најдена во куфер, сомнително предозирање: Плејбој зајачици кои починале во чудни околности
Дороти Стратен била убиена од сопругот кој бил макро, веројатно поради љубомора, додека телото на Јасмин Фиоре било пронајдено во куфер…
Хју Хефнер, а со тоа и неговиот познат бренд Плејбој, отсекогаш биле опкружени со контроверзии.
Од развратните забави, до обвиненијата за силување и експлоатација на Плејбој зајачиците, не недостасуваат драми поврзани со Плејбој.
Дел од Плејбој зајачиците имале сериозни проблеми со менталното здравје, но некои од нив завршиле и трагично.
А, смртта на некои од овие девојки и жени до денес е обвиена со мистерија, без разлика што можеби не била директно поврзана со Хефнер и неговиот бренд.
Четири Плејбој зајачици кои починаа во чудни околности:
Дороти Стратен
Дороти Стратен имала само 17 години кога добила предлог да испрати свои голи фотографии за магазинот Плејбој.
Иако била малолетна, промоторот на ноќни клубови (кој бил и макро), Пол Снајдер, успеал да ја убеди. Младата девојка почнала и врска со него.
Две години подоцна, Дороти се преселила во Лос Анџелес каде што била зајачица во ексклузивен Плејбој клуб.
Потоа успеала да се појави и на телевизија, а добила и улога во филм, каде што го запознала режисерот Петер Богдановиќ.
Овој период Дороти веќе била во брак со Пол Снајдер, без разлика што многу луѓе, вклучително и Хју Хефнер, ја предупредиле дека тој е опасна личност.
Бидејќи Дороти почнала афера со режисерот Богдановиќ, сакала да побара развод. Но, Пол не планирал да ѝ дозволи да г напушти, па кога се сретнале да зборуваат за разводот, ја застрелал и убил, а потоа се убил и самиот.
Дороти имала само 20 години на денот на смртта.
Прочитајте и: Била најпозната плејбој зајачица, сопругот ја силувал и убил од љубомора: Трагичната судбина на Дороти Стратен, која ја глуми Никола Пелц
Јасмин Фиоре
Јасмин Фиоре од Калифорнија се појавила во неколку изданија на магазинот Плејбој, а присуствувала и на забави организирани од брендот каде наместо со облека, телото ѝ било покриено со боја. Соработувала и со други брендови, најчесто како модел за костими за капење и долна облека.
Во 2009 година, таа се венчала со Рајан Џенкинс – учесник во реално шоу што го запознала во казиното во Лас Вегас. По пет месеци, таа сакала да се разведе од него бидејќи бил насилен.
Но, во август 2009 година, било пронајдено нејзиното мртво тело, и тоа во куфер. Јасмин била толку осакатена, што првично воопшто не можеле да ја идентификуваат.
Па, на крај ја идентификувале со помош на серискиот број на силиконските импланти во нејзините гради.
Штом ѝ го откриле идентитетот, Рајан Џенкинс станал главниот осомничен. Но, пред полицијата да успее да допре до него, тој извршил самоубиство во мотел.
Ана Никол Смит
До денес, Ана Никол Смит останува еден од најпознатите Плејбој модели. Ја почнала кариерата во раните 1990-ти позирајќи за магазинот, а потоа пробуваше да се пробие и во филмската индустрија.
Но, и покрај популарноста, животот на Ана го одбележаа низа трагедии. Нејзиниот син умре од предозирање со дрога, а и самата имаше проблеми со зависност од лекови.
Па, во 2007-ма, на само 39-годишна возраст, Ана беше пронајдена мртва во хотелска соба, наводно од предозирање.
Лабораториската анализа покажала дека Ана се предозирала со антидепресиви и други лекови. Иако ова ја предизвикало смртта, постои сомнеж дека намерно се предозирала или дека некој ја натерал.
Прочитајте и: Се венча со 90-годишен милијардер, по смртта на син ѝ се предозира – Бурниот (и трагичен) живот на Ана Никол Смит
Кристина Карлин Крафт
Кристина Карлин Крафт работеше како Плејбој модел, но во 2018-та, на 36-годишна возраст беше убиена.
Телото на Кристина било пронајдено во нејзиниот дом и имало знаци на физичко насилство, а смртта настанала поради давење.
Ноќта пред нејзината смрт, Кристина запознала маж по име Џонатан Харис кој станал главен осомничен.
Кога го испрашувале, тој изјавил дека заедно консумирале дрога, но почнале да се расправаат бидејќи Кристина не сакала да му плати. Кога се обидела да повика полиција, тој ја нападнал и ја убил.
Иако го признал убиството, во телото на Кристина немало траги од никаква дрога. Убиецот доби доживотна казна затвор, но мотивот за свирепото убиство до денес останува мистерија.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





