Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Контроверзен боксер, 11-годишно девојче: Најбогатите јутјубери во 2025 година

KSI

Јутјуберот KSI, чие вистинско име е Олајиде Олајинка Вилијамс, има три Јутјуб канали што ги следат вкупно околу 44 милиони корисници.

Неговото богатство, пак, се проценува на околу 100 милиони долари.

31-годишниот јутјубер најпрво снимаше видеа со видеоигри, но потоа почна да се фокусира и на други области, како спортски активности и натпревари со други јутјубери.

Притоа, тој е музичар и професионален боксер, што му носи дополнителна заработка, покрај Јутјуб.

kontroverzen-bokser-11-godishno-devojche-najbogatite-jutjuberi-vo-2025-godina-07.JPG

Dude Perfect

Зад овој канал стојат пет јутјубери – близнаците Кори и Коби Котон (37), Коди Џоунс (36), Гарет Хилберт (37) и Тајлер Тони (36).

Тие се пријатели од детството кои го почнаа каналот снимајќи забавни видеа кои им помогнаа да стигнат до 60 милиони следбеници на каналот.

Секој од нив посебно можеби не би се нашол на листата, но богатството што го заработиле заедно се проценува на околу 100 милиони долари.

Како останатите јутјубери, и тие прават договори со брендови, а имаат и свои продукти што им ги продаваат на фановите.

kontroverzen-bokser-11-godishno-devojche-najbogatite-jutjuberi-vo-2025-godina-08.JPG

Џејк Пол

Џејк Пол е брат на јутјуберот Логан Пол (што го спомнавме погоре). Како брат му, и тој важи за контроверзен лик чија популарност само се зголемува.

И тој е професионален борач кој се има борено против некои од најпознатите борачи во САД, а ова, заедно популарноста на брат му, му помогна да стекне светска салва.

Каналот на 28-годишниот јутјубер го следат над 20 милиони корисници, а неговото богатство се проценува на околу 100 милиони долари.

kontroverzen-bokser-11-godishno-devojche-najbogatite-jutjuberi-vo-2025-godina-09.JPG

Тајлер Блевинс

Ричард Тајлер Блевинс, попознат како Ninja, се прослави во 2017-та на платформата Twitch каде што во живо ја играше играта Fortnite, а ова му донесе и популарност на Јутјуб.

Тој е меѓу првите јутјубери кои се прославиле со помош на видеоигри и денес неговиот канал го следат околу 24 милиони следбеници.

Богатството на 34-годишниот гејмер се проценува на околу 100 милиони долари.

kontroverzen-bokser-11-godishno-devojche-najbogatite-jutjuberi-vo-2025-godina-10.JPG

Феликс Кјелберг

Феликс Кјелберг, попознат како PewDiePie, е уште еден пионер во видеата со видеоигри. Слично како Ninja, и тој објавуваше видеа со видеоигри, а поради забавните коментари, брзо стекна популарност.

Денес неговиот фокус не се видеоигрите, но сепак си ја задржа популарноста, па моментално го следат околу 110 милиони корисници.

Богатството на 35-годишниот јутјубер се проценува на околу 45 милиони долари.

kontroverzen-bokser-11-godishno-devojche-najbogatite-jutjuberi-vo-2025-godina-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

За потрага по пиратско богатство, за озлогласен култ: Луди работи за кои богатите наследници трошеле... Богатата наследничка Клер Бронфам вложила милиони во секс култот NXIVM, пред да ...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg