Контроверзен боксер, 11-годишно девојче: Најбогатите јутјубери во 2025 година
Најмладиот јутјубер на листата е 11-годишно девојче кое снима содржини за мали деца. Најбогат, пак, е MrBeast кој веќе го стекна статусот милијардер.
Да се биде јутјубер веќе е сериозна професија која на најдобрите им носи милионска заработка.
Платформата Јутјуб беше лансирана во 2005 година и оттогаш се промени многу. Ако некогаш беше сајт на кој можеме да објавуваме и гледаме разни видеа, сега се претвори во платформа која овозможува да започнете цел бизнис.
Денешните јутјубери можат да заработуваат преку рекламите кои се појавуваат на нивните видеа, преку промоција на продукти на нивниот канал, преку продажба на нивни производи, но и со креирање ексклузивна содржина за која јавноста треба да плати.
Секако, голем дел од нив се имаат проширено и на други платформи и имаат започнато други бизниси, па содржините на Јутјуб не им се единствениот приход.
Кои се најбогатите јутјубери за 2025 година?
MrBeast
Џејмс Стивен Доналдсон, попознат под псевдонимот MrBeast, стои на врвот и според заработката, и според бројот на следбеници на неговиот канал.
Моментално неговиот канал го следат речиси 400 милиони корисници, а во 2025-та, неговото богатство се проценува на околу една милијарда долари. Според Times 27-годишниот јутјубер е и меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот.
Неговиот канал се прослави со видеата со разни предизвици и паричните награди што им ги дава на своите фанови.
Џефри Стар
39-годишиот јутјубер и мејкап артист се прослави со видеата за шминкање.
Неговиот канал го следат речиси 16 милиони корисници, додека неговото богатство се проценува на 200 милиони долари.
Џефри има и своја линија продукти за убавина која е активна веќе десет години и е мошне популарна, а важи и за еден од највлијателните инфлуенсери во бјути индустријата.
Логан Пол
Иако важи за контроверзен лик и често се соочува со критики, популарноста на Логан Пол не опаѓа.
Неговото богатство се проценува на околу 145 милиони долари, додека неговиот Јутјуб канал го следат над 23 милиони корисници.
30-годишниот јутјубер, кој е и професионален боксер, снима разни содржини за Јутјуб, вклучително и видеа во кои го покажува своето богатство.
Тој има почнато и низа други бизниси кои му носат дополнителен приход.
Настја Раџинскаја
Јутјуб каналот Like Nastya на 11-годишната Настја го следат 128 милиони корисници, додека нејзиното богатство се проценува на повеќе од 200 милиони долари.
Настја е најмладиот јутјубер на листава, а на каналот објавува забавни видеа за деца.
Таа заработува и од рекламни кампањи за познати брендови, а има и своја линија продукти кои се мошне популарни кај нејзините фанови.
Рајан Каџи
По Настја, Рајан е вториот најмлад јутјубер на листата. 12-годишното момче стои зад каналот Ryan’s World кој се прослави преку видеата со рецензии за играчки.
Каналот на Рајан го следат скоро 40 милиони корисници, додека неговото богатство се проценува на околу 100 милиони долари.
Благодарение на популарноста, Рајан успеа да лансира и своја линија играчки за деца.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





