7 бесмислени верувања кои ни се врежани во главата од деца, а не можеме да се ослободиме од нив

Новата облека се чува за посебни пригоди, скапите чинии се за гости, домашното е секогаш подобро од купеното - дали и вие сте растеле со овие фрази (и ви останале врежани во главата и до ден денес)?

7-besmisleni-veruvanja-koi-ni-se-vrezhani-vo-glavata-od-deca-a-ne-mozheme-da-se-oslobodime-od-niv-01.jpg

Од некои навики и верувања кои ги имаме од детството тешко можеме да се ослободиме и кога ќе созрееме.

Вие знаете дека работите што ги правите се смешни, но и понатаму продолжувате да ги правите, а само затоа што „така треба“.

Кои бесмислени верувања сме ги прифатиле од деца и не ги менуваме „за жива глава“ ни денес?

Домашното е подобро од купеното

Ова верување се однесува најмногу на храната, без оглед дали станува збор за одгледување прехранбени производи дома или готвење храна.

Дали и вам ви велеле дека доматите одгледани во дворот се повкусни од оние купени на пазар или во маркет, а дека ниеден оброк во ресторан не може да го замени ручекот зготвен дома, во кујната на баба или мама?

7-besmisleni-veruvanja-koi-ni-se-vrezhani-vo-glavata-od-deca-a-ne-mozheme-da-se-oslobodime-od-niv-04.jpg

Вистинска домаќинка не фрла работи

Ако се водите од овој совет, тогаш во вашиот плакар со облека и денес сигурно има фармерки од пред 5 години, маичка која ја носевте во тинејџерските години ама и сега ви е точна или алишта што ви е жал да ги фрлите.

Истото се однесува на ситници кои ги собирате, а никогаш не ги користите за ништо, туку фаќаат прашина; за чевли на кои „можеби ќе им се врати модата“; за последната преживеана шолја за кафе од сетот што некогаш сте го користеле, ама немате срце да се ослободите од неа.

Листата оди во недоглед.

7-besmisleni-veruvanja-koi-ni-se-vrezhani-vo-glavata-od-deca-a-ne-mozheme-da-se-oslobodime-od-niv-02.jpg

Среќата зависи од вас (и може да се смени во секој момент)

Дали како деца верувавте дека ќе имате лоша среќа ако поминете под бандера во вид на буквата Л (лошо), а ќе бидете среќни ако поминете под бандера со буквата А (арно)?

Или дека ако црна мачка претрча пред вас ќе ви се случи нешто неубаво?

А дали мислевте дека ќе ве следи среќа ако се разбудите со мелодијата на некоја песна во главата и веднаш потоа ја слушнете истата песна на радио?

И дека ќе имате среќа ако на улица најдете метална паричка и ја земете?

Колку пати ви кажале дека среќата зависи од „знаците“ што ги гледате и дека треба да се потрудите да ги „наместите“ коцките во своја полза?

7-besmisleni-veruvanja-koi-ni-se-vrezhani-vo-glavata-od-deca-a-ne-mozheme-da-se-oslobodime-od-niv-10.jpg

Најубавите работи се чуваат само за посебни пригоди

Дали вашата баба ги вадеше скапите порцелански чинии само кога славевте нешто дома?

Или мајка ви ве облекуваше во нови алишта само кога ве водеа на гости, бидејќи новото и скапото е само за специјални пригоди?

Можеби ова не го правите денес, но нивните зборови и постапки ви се останати во главата, па често помислувате на нив (кога ќе тргнете со новите патики на пазар, на пример).

7-besmisleni-veruvanja-koi-ni-se-vrezhani-vo-glavata-od-deca-a-ne-mozheme-da-se-oslobodime-od-niv-07.jpg

Како ќе ја прославите Нова година, такви ќе ви бидат следните 12 месеци

За годината да биде плодна, со изобилие, весела, трпезата за дочекот на Нова година мораше да биде полна, облеката нова, музиката гласна, а лицата весели и насмеани.

Дали и денес се трудите да го правите истото, иако, веќе не верувате во работите што ви ги кажувале кога бевте дете?

7-besmisleni-veruvanja-koi-ni-se-vrezhani-vo-glavata-od-deca-a-ne-mozheme-da-se-oslobodime-od-niv-06.jpg

Носете „среќни алишта“ кога ви треба позитивна енергија

Имате важен тест, испит, полагате за возачка, одите на интервју за работа или на прв состанок? Се знае - мора да ги облечете среќните алишта за работите да тргнат на добро.

И признајте, ова ви е толку врежано во мислите, што го правите и денес.

7-besmisleni-veruvanja-koi-ni-se-vrezhani-vo-glavata-od-deca-a-ne-mozheme-da-se-oslobodime-od-niv-03.jpg

Само мрзливите луѓе имаат слободно време

Колку долго ви требаше да си го исфрлите ова од главата?

Ве учеле да бидете вреди, да помагате дома, куќата да е средена секогаш, облеката да ви е чиста и испеглана, и сè да биде „цакум-пакум“, зашто ако не е, тогаш тоа е одраз на недомаќинка и мрзлива личност.

А само мрзливите луѓе имаат слободно време, време за себе, време за гледање телевизија, за долго и лежерно излегување, за спиење доцна наутро.

За среќа, повеќето луѓе веќе не веруваат во ова.

7-besmisleni-veruvanja-koi-ni-se-vrezhani-vo-glavata-od-deca-a-ne-mozheme-da-se-oslobodime-od-niv-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg