Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации

„Дали фармерките треба да ги перам исто често како и останатата облека?“

Освен ако не ги извалкате многу или не сте се испотиле додека сте ги носеле, во ред е да ги перете фармерките и по 10 носења.

Притоа, перете ги превртени наопаку и на што е можно пониска температура и на овој начин ќе ви траат со години.

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-08.JPG

„Дали е во ред да износам нова облека, без да ја исперам?“

Во овој случај, секогаш е најбезбедно прво да ја исперете новата облека, пред да ја носите.

Најпрво, не можете да знаете кој ја пробувал пред да ја купите вие, па ако не ја исперете, ризикувате да си создаде некој кожен проблем.

Дури и истражувањата покажуваат дека парчињата облека во продавниците имаат траги од бактерии и габи кои можат да ви предизвикаат проблеми со кожата.

Затоа, не ризикувајте и секоја облека што ви ја допира кожата, исперете ја пред да ја облечете.

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-09.jpg

„Дали е во ред да користам иста крпа за лице и тело?“

Многу луѓе сметаат дека во ред е да користат искра крпа за лице и тело бидејќи од туширање, сепак излегуваат чисти.

Но, проблемот е што кожата на лицето и телото е поразлична. Па, ако го избришете лицето со крпа што сте ја користеле за телото, секогаш постои ризик да си направите некаква иритација или да си предизвикате појава на акни, особено ако имате чувствителна кожа.

Најбезбедно е да користите две различни крпи. Крпата за лице треба да биде помека и менувајте ја почесто, барем на два-три дена.

Крпата за тело е во ред да ја искористите и по неколку туширања, но по секоја употреба осигурете се дека добро ќе се исуши.

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-10.JPG

„Дали треба да го дезинфицирам сунѓерот за садови секој ден?“

Поради влагата, сунѓерите за садови се идеално место за развој на бактерии.

Затоа, препорачливо е да ги дезинфицирате секој ден. За ова можете да го накиснете во бел оцет неколку минути и да го исплакнете.

Важно е и добро да го исцедите сунѓерот и да го ставите на место каде што ќе може да се исуши.

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-11.JPG

„Колку време можам да користам иста четка за аби?“

Препорачливо е да ја менувате четката за заби со нова на околу три месеци.

Дури и ако ви изгледа како нова, по три месеци, влакненцата на четката за заби ја губат еластичноста, па не ги чистат забите како што треба.

Покрај тоа, поради влагата во бањата, со текот на времето можат да се акумулираат и бактерии. Ако, пак, сте биле болни, откако ќе оздравите, веднаш заменете ја четката со нова.

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-12.JPG

„Колку долго можам да чувам зготвен оброк во фрижидер?“

Експертите препорачуваат зготвената храна да ја чувате во фрижидер три, најмногу четири дена. По овој период, во храната ќе почнат да се размножуваат бактерии, дури и ако не ви мириса лошо.

Друго важно правило е да ја ставите зготвената храна во фрижидер најмногу два часа по приготвувањето, бидејќи на собна температура, бактериите почнуваат да се размножуваат речиси веднаш.

odgovori-na-12-prashanja-shto-site-ne-machat-niz-ilustracii-13.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg