Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот?
Ајфеловата кула во Париз – 2 години
Ајфеловата кула е направена пред нешто помалку од еден век, па не изненадува што изградбата завршила за околу две години.
Тој период, Ајфеловата кула, која е направена од челик, била највисоката структура изградена од човек.
Забранетиот град во Кина – 14 години
Изграден во Пекинг, во 15-тиот век, Забранетиот град бил дом за кинескиот император и неговата послуга.
Околу пет века, забранетиот град бил политички центар на Кина, а името потекнува од фактот што на обичните смртници, им бил забранет влез внатре.
Изградбата на кралската резиденција траела околу 14 години.
Нотр Дам во Париз – околу 90 години
Најпознатата готска катедрала во светот е Нотр Дам (или Богородичната црква) во Париз која важи за една од најимпресивните градби некогаш направени.
Сместена на остров на реката Сена, катедралата била направена на местото на две помали цркви.
По поставувањето на темелите, изградбата на катедралата траела околу 90 години, но уште цел век потоа се досредувале некои детали.
Во 2019 година катедралата беше оштетена од пожар, и пет години подоцна, голем дел од поправките се завршени, но реконструкцијата уште трае.
Големиот кинески ѕид – околу 2.300 години
Големиот кинески ѕид има должина од дури 21.000 километри и процесот на неговата изградба е испреплетен со самата историја на Кина.
Изградбата започнала во 3-тиот век пред нашата ера и продолжила сè до 17-ти век од наша ера. Во овој период од околу 2.300 години, ѕидот бил продолжуван, поправан, зајакнуван…
Денес делови од ѕидот се мошне добро зачувани, но голем дел од него е срушен – нешто од луѓе, нешто од времето.
Спирова С. | Црнобело
