Коктел-лимонада со краставица

koktel-limonada-so-krastavica-povekjeЗнаеме дека како народ сме ем љубопитни да пробаме сѐ што може да се испие, ама некако не веруваме дека многумина од вас направиле коктел со краставици.


Затоа ќе ви предложиме алкохолна лимонада во комбинација со еден од најпопуларните зеленчуци кај нас.

Освежителниот коктел нема сложени состојки, па со едно претрчување до пазарче ќе си ги решите жешките летни попладниња.

Потребно:
3 големи краставици
1 голема лажица сецкан свеж рузмарин
250 ml вода
180 - 200 ml џин
120 ml сок од лимон
3 големи лажици мед или шеќер

koktel-limonada-so-krastavica

Од излупените краставици исецкајте десетина тенки кругови за украсување, а остатокот ставете го во блендер. Додадете рузмарин и иситнете. Добиеното пире прецедете го во друг сад (покрупните парченца силно притиснете ги врз цедалката за да го извадите сиот сок од нив). Се додава вода, џин, лимонов сок, па мед (или шеќер) и се меша додека медот не се раствори во течноста. Се служи во чаши полни со мраз. Украсете со кругчиња краставица и гранчиња рузмарин.

На здравје освежување!

Би можело да ве интересира:

Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
Трагичниот живот на некогашниот најтежок човек на светот – Имал 400kg, 7 години не излегол од дома п... Рики Напути, кој важеше за најтешкиот човек на светот, цели три години пробувал ...
14 „тажни“ фотографии кои совршено го опишуваат понеделник „Стаклената врата од тушот се распрска ноќеска на илјадници парчиња. Понеделнико...
10 интересни фотки кои покажуваат дека големината е навистина важна Знаете ли колку се всушност големи турбините на ветер и дека човек покрај нив из...

Најчитани неделава