Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност
Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото јадење. Кои се бонтон правилата што треба да ги знаете ако сакате да делувате отмено во ресторан?

Кога сме во дома или во друштво на блиски луѓе, не мора многу да внимаваме на бонтон правилата за јадење.
Сепак, ако сме со познаници кои не ни се многу блиски или, пак, сме на свечена или деловна вечера, мора да се потрудиме околу нашите манири.
Девет бонтон правила за јадење во ресторан што секој мора да ги знае:
Користете виљушка за да го дојадете сосот од чинијата
Ако во чинијата ви остане сос од храната, во ред е да го дојадете со леб, но немојте да ги користите само рацете.
Скршете залак леб и боцнете го со виљушката, па така соберете го сосот од чинијата.

Не дувајте на храната за да се излади
Без разлика колку е жешка храната, немојте да ја ладите со дување бидејќи делува неучтиво.
Подобро воздржете се неколку минути од јадење додека храната самата малку да се олади.
Можете да јадете помфрит со раце, но само во одредени ситуации
Ако јадете помфрит со бургер, тогаш во ред е да го јадете со раце бидејќи и самите бургери се јадат со раце.
Но, доколку помфритот е прилог со парче месо, тогаш треба да користите виљушка, исто како и за месото.

Немојте однапред да го сечете целото јадење
Кога сте во ресторан, особено во поформално опкружување, немојте однапред да си ја сечите целата храна.
Секако, ако сте со мало дете, во ред е да му ја исечете целата храна.
