Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност
Не вадете коски од устата со рака кога јадете риба
Ако ја јадете рибата со прибор, тогаш извадете ги и коските од устата со виљушката.
Но, доколку јадете риба со раце, тогаш во ред е да ги извадите и коските со раце.
Не ставајте сол на целиот оброк одеднаш
Најпрво, важно е да знаете дека не треба да додавате сол на јадењето пред да го пробате.
Ако сметате дека ви треба сол, тогаш немојте да го посолувате целото јадење, туку ставете само малку, на едниот крај од чинијата, па додавајте по потреба.
Избришете ја устата пред да се напиете нешто
Ако сакате да се напиете вода или што било додека јадете, важно е прво да ја избришете устата за да не оставите траги на чашата.
Кога користите салфета или шамиче, немојте да ја триете устата, туку избришете ја со тапкање. Кога, пак, пиете, земајте мали голтки.

Немојте да мачкате цело парче леб со путер
Без разлика дали е леб или друго печиво, како кроасан, немојте да го мачкате целото парче со путер.
Треба да скршете еден залак, па тој да го намачкате.
Не го исправувајте малиот прст кога пиете чај
Иако ова е позата што нè асоцира на пиење чај, според бонтон правилата, ова е погрешно.
Малиот прст ви е потребен за да ја балансирате шолјата, па немојте да го исправувате.
Спирова С. | Црнобело
