„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај преживував“

Натали заработувала околу 30.000 евра годишно за кои вели дека не биле доволно за живот во Дубаи.

„Заработував само колку за да преживеам, а во индустријата во којашто бев, работевме многу напорно. Одев на работа шест дена неделно и не можев да си дозволам да работам помалку“.

se-preseliv-vo-dubai-rabotev-80-chasa-nedelno-za-plata-so-koja-edvaj-prezhivuvav-pa-se-vrativ-doma-08.JPG

Во 2017 година го запознала нејзиниот дечко, Вил, почнале да живеат заедно и тој период Натали вели дека почнала да се чувствува мизернo - не поради партнерот, туку поради фактот што не ни имала време за него.

„Не можев да си го менаџирам времето, не внимавав на исхраната… Никогаш не ни помислував дека ќе го напуштам Дубаи, но не можев да издржам.

Како што минуваа годините, почнав да се прашувам како воопшто ќе изградам живот овде. И, проблемот не сум јас, туку овде таков е бизнис моделот“.

se-preseliv-vo-dubai-rabotev-80-chasa-nedelno-za-plata-so-koja-edvaj-prezhivuvav-pa-se-vrativ-doma-4.JPG

По долго размислување, Натали одлучила дека е време да се врати во Англија.

Во 2019 година, откако си обезбедила работа како тренер за голф во Англија, таа го напуштила Дубаи.

Девет месеци подоцна, ѝ се придружил и нејзиниот партнер.

se-preseliv-vo-dubai-rabotev-80-chasa-nedelno-za-plata-so-koja-edvaj-prezhivuvav-pa-se-vrativ-doma-0.JPG

Денес Натали и партнерот живеат во Англија и имаат своја куќа, а таа вели дека никогаш не биле посреќни.

Натали истакнува дека Дубаи е прекрасна дестинација за одмор и веројатно ќе оди барем на гости кај родителите кои уште се таму. Но, тешко дека некогаш повторно ќе живее таму.

se-preseliv-vo-dubai-rabotev-80-chasa-nedelno-za-plata-so-koja-edvaj-prezhivuvav-pa-se-vrativ-doma-7.JPG

„Мислам дека многу луѓе се преселуваат во Дубаи откако ќе отидат на одмор, па ќе си речат дека сакаат да живеат таму. Како да е тренд. Дубаи е гламурозно место, но сè си има недостатоци.

Важно е да ги разгледате сите опции и да размислите што е најдобро за вас. Ако одите да живеете во Дубаи со превисоки очекувања, можно е да бидете разочарани“, советува Натали.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg