Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година

Не го проверувате квалитетот на џемперите

Кога купувате џемпери, треба да проверите колку се растегливи. Малку растегнете го џемперот – ако се врати во оригиналната форма, тогаш е квалитетен.

Исто така, обрнете внимание и колку е тесна јаката – детето не треба да се чувствува задушено додека го носи.

greshi-shto-gi-pravat-roditelite-koga-kupuvaat-obleka-i-pribor-za-novata-uchebna-godina-6.jpg

Повеќе се фокусирате на изгледот на училишниот прибор

Кога купувате моливи, пенкала и генерално прибор што му е потребен на детето, секогаш прво фокусирајте се на квалитетот.

Точно е дека моливите и ранците со Спајдермен изгледаат позабавно, но ако се со лош квалитет, на крај ќе бидат „фрлени“ пари.

greshi-shto-gi-pravat-roditelite-koga-kupuvaat-obleka-i-pribor-za-novata-uchebna-godina-07.JPG

Купувате многу работи одеднаш

Тетратките и моливите се неопходни за на училиште и во ред е да купите повеќе за детето да има резерва.

Но, немојте непотребно да купувате сè и сешто за секој случај бидејќи непотребно ќе потрошите многу пари.

На дете од прво одделение сигурно нема да му треба калкулатор или, пак, маркер за одбележување.

Добро размислете кој е приборот што му е потребен на детето, а можете да го вклучите и него во изборот.

greshi-shto-gi-pravat-roditelite-koga-kupuvaat-obleka-i-pribor-za-novata-uchebna-godina-08.JPG

Купувате во последен момент

Не заборавајте дека пред почетокот на школската година, во продавниците ќе биде хаос, а многу работи можат да бидат и истрошени.

Затоа, подобро навреме купете го она што треба за да не си создавате непотребен стрес непосредно пред почетокот на учебната година.

greshi-shto-gi-pravat-roditelite-koga-kupuvaat-obleka-i-pribor-za-novata-uchebna-godina-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...

Најчитани неделава