8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите
Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу скап модел – и поевтините ќе ви завршат работа ако имаат заштита од UVA и UVB зраци.

Иако повеќе ги гледаме како моден додаток, очилата за сонце се неопходни бидејќи ги штитат нашите очи.
Сите знаеме дека ултравиолетовите зраци од сонцето можат да ја оштетат кожата, но можат да имаат влијание и врз видот, особено ако често престојувате на сонце без заштита.
Што значи, навистина е важно какви очила за сонце ќе изберете.
Дел од најчестите митови за очила за сонце кои можат да ви наштетат:
Мит 1: Поскапите модели се секогаш подобри
Повисоката цена не мора да значи дека очилата се подобри. Она што е важно кај очилата за сонце е да имаат UVA и UVB заштита.
Во голема мера, цената зависи од брендот.
Мит 2: Не е важна големината на очилата
Поголемите очила нудат подобра заштита од сонце бидејќи покриваат и поголем дел од окото.
Минијатурните очила можеби беа и уште се хит, но важно е да знаете дека не нудат многу добра заштита, па избегнувајте ги, особено ако имате почувствителни очи.
Мит 3: Можете да носите и изгребани очила
Штом стаклата на очилата се изгребани, препорачливо е да ги замените.
Мoжеби сметате дека не ви пречат многу, но секоја гребаница го оптоварува окото бидејќи го попречува видикот.
Мит 4: Важна е бојата на стаклата
Штом очилата нудат заштита од штетните зраци, воопшто не е важна каква боја се стаклата.
