8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите
Мит 5: Очилата имаат рок на траење
UV заштитата на очилата не се намалува со текот на времето, па слободно можете да носите ист модел со години.
Од друга страна, како што спомнавме, изгребаните стакла имаат влијание врз очите, но гребаниците можат да значат и дека дел од заштитниот слој е отстранет. Па, треба да ги замените со нови.
Мит 6: И најевтините очила нудат добра заштита
Иако спомнавме дека поскапите очила не значи дека нудат доба заштита, препорачливо е да ги избегнувате и најевтините очила.
Причината е тоа што не знаете дали навистина ја нудат потребната заштита, а и ако се со многу лош квалитет, лесно ќе се изгребат.
Мит 7: Сите очила штитат од UV зраци
Не сите модели на очила нудат заштита од UV зраците, па важно е секогаш да го проверувате ова, дури и ако купувате поскап модел.
Мит 8: Очила за сонце ви требаат само во лето
UV зраците постојат и во зима, па кога е сончево, треба да ги заштитите очите.
Сигурно и самите сте забележале дека кога има снег, светлината делува дури и посилна бидејќи се одбива од него.
Затоа, носете очила секојпат кога има сонце, без разлика на годишното време.
Спирова С. | Црнобело
