Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарецот на Нетфликс
Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вулгарни, па и заканувачки пораки. Иако биле сигурни дека испраќачот е некој од нивното училиште, тие биле жртви на мајката на тинејџерката…

Сајбербулингот веќе претставува сериозен проблем, особено кај тинејџерите.
Еден од честите видови сајбербулинг е методот познат како кетфишинг (cafishing), односно создавање лажен идентитет онлајн со цел да се измами или манипулира некоја личност.
Ова е метод што неретко го користат онлајн измамниците кои поробуваат да добијат некаква финансиска корист од некого.
Но, кетфишинг може да се користи и за манипулација без финансиска корист – некој да се претставува како друга личност и со тој нов идентитет да ја вознемирува и манипулира својата жртва.
Вакви случаи, за жал, веќе има многу. Но, еден од повознемирувачките е случајот кога девојче станало жртва на својата мајка.
Лорин (жртвата) со нејзините родители
Во период од една година, тинејџерката Лорин од САД добивала вулгарни и заканувачки пораки од непозната личност, за на крај да се открие дека зад нив стои нејзината мајка.
Бизарниот случај е раскажан и во нов документарец на Нетфликс, насловен Unknown Number: The High School Catfish.
Детали за случајот што ја згрози јавноста:
Лорин Ликари потекнува од мало гратче во Мичиген и на 13-годишна возраст била во врска со Овен Меккени.
Лорин и Овен се познавале уште од детството, а кога ја почнале врската, се зближиле и нивните семејства – тогаш и двајцата живееле со своите родители.
Биле толку блиски и толку среќни заедно, што соучениците ги нарекувале и „златниот пар“.
Лорин и Овен
Во октомври 2020 година, Овен бил поканет на забава за Ноќта на вештерките и сакал со него да оди и Лорин.
Но, пред забавата, двајцата биле ставени во групен чет со трета личност која им пратила порака:
„Здраво Лорин, Овен ќе ти раскине“.
Лорин и Овен
И Лорин и Овен помислиле дека пораката е некаква шега, испратена од некој од нивното училиште, па не ѝ обрнале премногу внимание.
Добиле уште неколку пораки со слична содржина, како „Овен ме сака мене“ и „Ќе оди на забавата без тебе“, но по некое време испраќачот престанал да им пишува.
Овен
Поминала скоро цела година, кога во септември 2021-ва, Лорин и Овен повторно почнале да добиваат пораки во групен чет – тие двајца и непознатиот испраќач.
Но, овој пат пораките веќе почнале да ги вознемируваат.
Испраќачот ѝ се обраќал на Лорин со Ло – прекар што го знаеле само луѓето што ја познаваат.
Притоа, честопати го коментирал изгледот на Лорин, како облеката што ја носи на училиште или каква ѝ била фризурата.
Лорин
Овој детаљ ги натерал да мислат дека испраќачот дефинитивно е личност која ги познава, најверојатно ученик од училиштето, штом знае такви детали.
Почнале да добиваат и по 40-50 пораки дневно, кои станувале дури и вулгарни – испраќачот опишувал како Овен сакал да има односи, а не да биде во врска со Лорин.
Тогаш, Лорин и Овен имале по едвај 14 години.
Лорин и Овен прво им кажале на нивните родители, а потоа и на директорот на училиштето.
Директорот на училиштето
Тој, пак, ги контактирал надлежните и во училиштето дошол полицаец кој започнал истрага.
Полицијата не можела да го открие бројот од кој доаѓаат пораките бидејќи испраќачот користел апликација за криење. Поради ова, Лорин и Овен не можеле ни да го блокираат бројот.
Па, на полицаецот единствена опција му била да почне да ги испрашува учениците. Во текот на првичната истрага, тој посочил неколку осомничени.
Лорин
Една од нив е Клои – девојка која одела во истото училиште и која претходно била обвинувана за булинг од некои соученици.
