Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарецот на Нетфликс
Додека полицијата ја следела трагата за Клои, и испраќачот пробувал да ги убеди дека сепак е таа. Дури им пратил и фотографија на која се гледаат Клои и Овен.
Но, токму ова било сомнително – зошто Клои би се откажала? Покрај тоа, нејзиниот телефон бил анализиран и не биле најдени докази дека е таа.
Клои
Следниот осомничен била Адријана – братучетка на Овен. Се сомневале во неа бидејќи имала лош однос со Клои, па можеби сакала да ја „намести“.
Но, ниту Адријана не била виновникот.
Адријана
Пораките не престанувале, па не можејќи да го издржат притисокот, Лорин и Овен решиле да раскинат.
Се надевале дека со ова ќе му покажат на испраќачот дека победил и ќе ги остави на мир.
Но, пораките продолжиле, и тоа уште помрачни – испраќачот во неколку наврати ѝ рекол на Лорин да изврши самоубиство, но девојката добивала и закани дека ќе биде повредена или убиена.
Мајката на Овен
Во меѓувреме, Овен почнал да се гледа со друга девојка од друг град, но и таа почнала да добива пораки.
Со ова стално јасно дека испраќачот дефинитивно ги демне и двајцата, па во истрагата се вклучил и сајбер експерт од ФБИ.
Овен
Експертот почнал да истражува кои апликации можат да го кријат телефонскиот број, па почнал да ги контактира компаниите кои стојат зад нив.
Бидејќи имал овластување, побарал IP адреси од нивните корисници и конечно забележал напредок.
IP адреса е уникатен број што го има секој уред поврзан на интернет. Па, со помош на оваа адреса, може да се најде локацијата на уредот.
Експертот почнал да споредува IP адреси, за на крај да открие дека пораките биле испраќани од телефонот на мајката на Лорин – Кендра.
Кендра - мајката на Лорин
Полицијата веднаш отишла во домот на Лорин, каде што ја затекнале Кендра. И, таа веднаш признала дека стои зад пораките.
Истовремено, Кендра признала дека цела година го лажела сопругот дека е вработена, што објаснува зошто имала толку многу време да пишува и по 50 вулгарни и вознемирувачки пораки до ќерка ѝ.
Кендра била уапсена за демнење малолетници и поттикнување насилство, поточно самоубиство.
Кендра
Судењето се одржало во април 2023 година, каде Кендра признала вина и добила затворска казна во траење од 19 месеци до пет години. Била ослободена во април 2024-та.
Во документарецот на Нетфликс, зборува и Кендра која открива дека некогаш поминувала и по осум часа дневно пишувајќи ги пораките.
Во една пригода и само додава дека „сите правеле грешки“.
Кендра
Лорин и Кендра се немаат видено повеќе од една година, а таа има и забрана да ѝ се приближи на ќерка си. Сепак, Лорин вели дека сака да го подобри односот со неа.
Што се однесува до Овен, речиси и да не комуницира со него.
Прочитајте и: „Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет измама
Спирова С. | Црнобело
