Немаат тоалети и храна, постојано ги тепаат: Како изгледа престојот во најозлогласениот затвор во Дубаи?
Насилството од страна на чуварите било норма
Истиот затвореник открива и дека секојдневно сведочел на насилство од страна на чуварите.
Во една пригода, тројца стражари нападнале нов затвореник, па дури и пробале да го задават.
Некогаш затворениците биле тепани и за забава
Неколку поранешни затвореници имаат изјавено дека се случувало стражарите да ги закачат помладите затвореници за таванот, со главата надолу, и да ги тепаат.
И, ова го правеле само за забава.
Има обвиненија за силување
Неколку поранешни затвореници имаат откриено и дека некогаш затворениците биле силувани или им се заканувале со сексуално насилство.
„Внатре е ужасно. Имаше измачување и силување. Ќе зборувам за тоа што се случуваше, но не можам за силувањето, тешко ми е.
Очигледно ми се случи и мене бидејќи уште си ги носам лузните“, има изјавено Британец кој поминал две години во затворот.
Генерално, условите биле ужасни
Истиот Британец откри дека од затворот ќе ја помни и ужасната миризба.
„Додека ме носеа низ ходниците, сè повеќе чувствував некој одвратен мирис. Како пот и валкано… Беше многу жешко, немаше светлина, беше валкано, смрдеше.
Ме ставија во ќелија и ми рекоа дека ќе бидам таму до утре. Но, тоа ’утре‘ се претвори во 22 месеци“.
Келиите биле преполнети
Британецот откри и дека во ќелија за четворица, ставале и по 10 затвореници.
„Во секоја ќелија имаше толпа изгладнети луѓе кои не можат ни да се истушираат. И тоалетите беа одвратни. Имаше два тоалета за 100 затвореници и многу често не ни работеа. Немаше ни тоалетна, ни вода. Беше одвратно“.
Прочитајте и: Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не можеше ни да се брани“
Спирова С. | Црнобело