Немаат тоалети и храна, постојано ги тепаат: Како изгледа престојот во најозлогласениот затвор во Дубаи?

Затворот Al-Awir во Дубаи е вистински кошмар, а токму овде завршуваат повеќето затвореници, особено оние од странство. Според поранешни затвореници, затворот мирисал одвратно, немало никакви услови за хигиена, а тепањето, но и сексуалното насилство, биле доста честа појава.

nemaat-toaleti-i-hrana-postojano-gi-tepaat-kako-izgleda-prestojot-vo-najozloglaseniot-zatvor-vo-dubai-01.jpg

Дубаи е град познат по модерната архитектура, раскошот, плажите, ноќниот живот… Но, Дубаи, и Емиратите воопшто, се познати и по строгите закони.

Властите во Дубаи се немилосрдни кон оние кои не ги почитуваат нивните закони, а најлошото место во коешто можат да завршат е затворот Al-Awir.

Затворот, нарекуван и најозлогласениот во Дубаи, повторно се најде во центарот на вниманието на почетокот од септември, поради младата Британка која моментално е затворена таму.

23-годишната Миа О’Брајан најверојатно ќе треба да помине 25 години во затворот бидејќи бил фатена со дрога.

За она што се случува внатре имаат зборувано многу поранешни затвореници, а некои приказни го имаат привлечено и вниманието на организациите кои се фокусираат на прекршување на човековите права.

nemaat-toaleti-i-hrana-postojano-gi-tepaat-kako-izgleda-prestojot-vo-najozloglaseniot-zatvor-vo-dubai-04.JPG

Што знаеме за најозлогласениот затвор во Дубаи?

Затворениците немаат право на телефонски повик

Организацијата Detained in Dubai е формирана со цел да се зголеми свесноста за кршењето на човековите права во затворот.

Според организацијата, луѓето кои се затворени таму немаат никакво право на телефонски повик.

Уапсената личност прво ја носеле во најблиската полициска станица, без преведувач или можност да побара адвокат.

Оттаму, ја носеле во ќелија, без да ѝ дадат право на ниту еден телефонски повик – нешто што е норма во другите земји.

nemaat-toaleti-i-hrana-postojano-gi-tepaat-kako-izgleda-prestojot-vo-najozloglaseniot-zatvor-vo-dubai-10.JPG

Штом некој ќе биде уапсен, најверојатно ќе заврши во затворот

Според некои странски медиуми, уапсените лица во Дубаи се прогласени за виновни во 90% од случаите.

Штом ќе бидат прогласени за виновни, темелно ги пребаруваат, им даваат затворска облека и ги носат во затворот.

nemaat-toaleti-i-hrana-postojano-gi-tepaat-kako-izgleda-prestojot-vo-najozloglaseniot-zatvor-vo-dubai-14.JPG

А, штом, ќе стигнат овде, тешко дека ќе најдат слободен кревет и повеќето нови затвореници треба да спијат на подот со валкано ќебе.

Поранешен затвореник има изјавено дека побарал лекови против болка кога го затвориле и наместо да му помогнат, тогаш само го удриле по глава со метла.

nemaat-toaleti-i-hrana-postojano-gi-tepaat-kako-izgleda-prestojot-vo-najozloglaseniot-zatvor-vo-dubai-08.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
Работат за 100 евра плата, умираат поради нехумани услови: Мрачната страна зад гламурот на Дубаи (шт... Работниците во Дубаи кои работат на градилиштата, но и по хотели, спа центри и с...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...

Најчитани неделава