Самоубиства, предозирања, киднапирање: Проклетството на династијата Гинис (кое трае до денес)
Синот на Уна, Тара, го наследил талентот за забава, но и користење дрога. Се дружел со најголемите ѕвезди од тој период, како Мик Џегер и Пол Мекартни, а има гласини дека тој го научил Мекартни да користи ЛСД.
Но, Тара загинал млад, во сообраќајка со неговиот спортски автомобил.

Гласините дека семејството е проколнато почнале да се шират во доцните 1970-ти, кога четири членови од династијата загинале трагично, во период од само четири месеци.
Најпрво, Хенриета Гинис, која имала наследено околу 6 милиони долари од династијата, извршила самоубиство во Италија, така што скокнала од мост.
Наводно, пред да го изврши самоубиството, 35-годишната наследничка, која била и мајка на бебе, изјавила:
„Ако бев сиромашна, ќе бев среќна“.

Следниот месец, починала една од сестрите наследнички – на само 18-годишна возраст, се предозирала од хероин.
Еден месец подоцна, починал уште еден наследник – 44-годишниот Денис Гинис – кој се верува дека извршил самоубиство.
Потоа, во сообраќајка загинал наследникот Питер Гинис.

Со доста трауми се има соочено и Ивана Ловел, една од наследниците кои се живи.
Таа била сексуално малтретирана како дете, на 6-годишна возраст се здобила со изгореници од трет степен од врела вода, а дознала за нејзиното потекло – династијата Гинис – дури откако наполнила 30 години.

И други членови на семејството ја почувствувале клетвата на династијата.
Во 1986 година, Џенифер Гинис била киднапирана и држена во заробеништво цели осум дена. Нејзините киднапери барале над 2 милиони долари за откуп.
Но, наводно, таа им рекла дека киднапирале член од „погрешен огранок на семејството“ бидејќи нејзиниот сопруг, Џон Гинис, бил фокусиран на банкарскиот бизнис, а не на дестилеријата, па имал помалку пари.
Џенифер била ослободена, но две години подоцна нејзиниот сопруг загинал, откако паднал од карпа.

Истата година, 22-годишна девојка со потекло од семејството починала од предозирање со дрога и алкохол.
Една од поновите трагедии е од 2004 година, кога зет на едниот од наследниците почина од предозирање со хероин.
Последниот инцидент кој ѝ е познат на јавноста е од 2020-ра, кога 19-годишна ќерка на една од наследниците се удави во базен.

Денес членовите на династијата пробуваат да се држат настрана од јавноста. Дискретни се и повеќето луѓе не ни знаат кои се нивните имиња или како изгледаат.
Спирова С. | Црнобело
