Самоубиства, предозирања, киднапирање: Проклетството на династијата Гинис (кое трае до денес)
Династијата Гинис, која стои зад една од најпознатите дестилерии во светот, има многу членови, а скоро сите осетиле некаква трагедија. Почнувајќи од 1970-тите, членови на семејството се предозирале, загинувале во сообраќајки, а некои извршувале и самоубиство.

Креаторот на популарната серија Peaky Blinders сними нова историска драма, овој пат со фокус на династијата Гинис.
Серијата, која се прикажува на Нетфликс од 25-ти септември, почнува од смртта на сер Бенџамин Гинис, наследникот на познатата дестилерија, и се фокусира на премрежијата на неговите деца кои почнуваат да го водат бизнисот.

И, црпејќи инспирација од вистинските настани поврзани со династијата, на серијата нема да ѝ недостасуваат семејни драми и трагедии.
Впрочем, секоја генерација од династијата Гинис се соочила со толку трагедии, што постои верување дека можеби се и проколнати.
Што знаеме да династијата и нејзиното проклетство?
Артур Гинис (првиот), роден во 1725 година е личноста од која започнува сè.
Тој го смислил рецептот за популарното темно пиво Guinness кое денес е едно од најпродаваните во светот.
Ја основал сојата компанија во 1759 година, а до 1828 година успеал да ја претвори во најголемата дестилерија во светот.

Новата серија на Нетфликс се фокусира на неговиот пра-правнук, Едвард, кој го наследува бизнисот и станува најбогатиот човек во Ирска.

Најпрво, со бизнисот управувал брат му на Едвард, Артур (вториот). Но, Артур не бил многу заинтересиран, па Едвард лесно ја презема целата контрола на дестилеријата.
Артур дури и се пензионирал на само 40-годишна возраст

Едвард, од друга страна, продолжил да работи, станал најбогатиот маж во Ирска, а поради филантропската работа, си ја добил и титулата Ерл.
Но, додека тој уживал и одживеал прилично долг живот (79 години), неговите наследници не ги следела многу среќа.
Неговиот најмлад син, Волтер, бил убиен во Египет во 1944 година од страна на терористи.
Неговиот внук, пак, бил убиен на 32-годишна возраст кон крајот на Втората светска војна, и тоа баш кога му завршувал воениот рок.

Едвард имал уште еден син, кој бил познат како „плејбој“ во семејството, додека неговите три ќерки биле познати по тоа што сакаат да се забавуваат.
Едната од ќерките на Едвард, Уна, се венчала трипати и редовно организирала луди забави во куќата во којашто живеела.

