Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфликс?
Потоа исчезнала и 58-годишната Бернис Ворден која работела во продавница за алати, која Ед исто така често ја посетувал
Последен пат била видена во продавницата, а на касата имало траги од крв и недостасувале пари.

Синот на Бернис, Френк, бил шериф и почнал да се сомнева во Ед поради неговата поврзаност со исчезнатите жени,
Па, го уапсил, а истата вечер со неколку полицајци отишол да го пребара неговиот дом.
И, го пречекало вистинско изненадување.

Го нашол телото на мајка му, но нашол и човечки черепи кои Ед ги користеле како чинии, човечки органи во тегли, па и столови тапацирани со човечка кожа.
Нашол и други вознемирувачки предмети изработени од човечки делови.

Тогаш 51-годишниот Ед го признал убиството на двете жени, изјавувајќи дека ги застрелал бидејќи личеле на мајка му.
Истовремено, признал и дека откопувал тела од градските гробишта за да ги изработува предметите во неговиот дом.

Надлежните пробале да го поврзат Ед со уште неколку убиства и исчезнувања, но тој не кажал ништо, а ни тие не нашле доволно докази.
Психолошката анализа покажала дека Ед страда од шизофренија поради што не бил способен да следи судење, па веднаш бил затворен во ментална установа во Висконсин.

Неколку години подоцна, во 1968-ма, состојбата му се подобрила, па бил изведен пред суд, каде што бил прогласен за убиството на мајката на шерифот.
Сепак, бидејќи бил прогласен за луд за време на убиството, повторно бил однесен во истата установа.

Ед починал во 1984-та, на 77-годишна возраст поради компликации од рак на белите дробови.
Спирова С. | Црнобело
